Трендот на иселување продолжува од година во година и тоа се помасовно, ништо не може да го запре тој бран кој за жал ќе продолжи.
Последниот попис е само мерило на тоа колкава бројка на жители имаме изгубено во последните 20 години и прашање каде заминаа тие?
По две децении официјално се потврди дека бројот на жители во оваа земја се намалил за повеќе од 185.000 луѓе или колку две општини како Куманово.
Пред 20 години во Република Македонија живееле над 2 милиони жители, а сега нешто повеќе од еден милион и 800 илјади луѓе.
Општина Свети Николе сега брои околу 15.000 илјади жители. Односно за 3.000 помалку отколку што имало на пописот во 2002 година.
– Во последните 10- 15 години можам да кажам дека нема човек во Свети Николе што нема бугарски пасош, вели градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.
– Тоа го користат само за да можат полесно да дојдат до некоја од западните земји, за да најдат парче леб за себе и семејството.
– Овој тренд со жал морам да констатирам дека продолжува и се зголемува. Има огромна дијаспора на светиниколчани во северниот дел на Италија.
– Особено посебно во местата Лана, Мерано, Шена, а во последните неколку години и во Германија, вели градоначалникот за ,,Радио слободна европа”
Свети Николе е речиси на средината од автопатот Скопје- Штип. Тоа што има автопат до главниот град и што до Скопје се стигнува за половина час не им донело многу бенефит.
– Самиот факт што индустриската зона Бунарџик е на 15 минути од Свети Николе, која што веќе е готова и има индустриски капацитет,
– Како и штипската индустриска зона која што е на 15 минути од нас исто така овозможија уште поголем број на луѓе да работат во соседните градови.
– Но со самото работење таму и граѓаните постепено се иселија токму во Штип и Скопје. Тој тренд како што гледам во догледно време нема да се среди.
По две децении официјално се потврди дека бројот на жители во оваа земја се намалил за повеќе од 185.000 луѓе или колку две општини како Куманово.