Ламбе Алабаковски открива кое јадење најмногу го носат Македонците во Америка

  • By klaster3
  • април 11, 2022
  • 0
  • 644 Views

Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.

По неколку години апстиненција од медиумите, Ламбе Алабаковски периодов повторно е актуелен откако пред месец дена се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија.

– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:

– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.

Како гостин во емисијата Фолк Парада, Ламбе зборуваше за причините за враќање, за искуството во Америка, но и за тоа како се справувал со носталгијата.

– Има многу причини, поголемата е тоа што си ја сакам својата земја и сфатив дека човек не може да се чувствува како дома нигде во светот, какви и услови да има.

Сакав моите деца да израснат тука, да ја знаат нашата традиција, земја, обичаите. Така некако патиштата од Господ се наместија да се вратиме и ми е многу мило, вели Ламбе.

Носталгијата ја компензирал со тоа што неговите блиски биле таму, но и убави работи му се случиле таму, запознал многу успешни луѓе и признава дека му било убаво искуство.

– Се трудевме да јадеме македонска храна, често се случува луѓето да праќаат таму нешто што го нема, но најмногу испраќаа суви пиперки. Има една техника – се вадат дршките и семките и така испеглани ги испраќаат.

Ламбе раскажа со што се занимавал во Америка и како го минувал времето додавајќи дека е многу благодарен што успеал да искуси дел од животот „од другата страна“ – настрана од јавниот живот.

– Со музика ништо не работев и тоа најмногу ми фалеше. Работев и на аеродром, и со транспорт, не се срамам од ниедна работа, пробав се и сешто. Работев тоа што ми налагаше времето и можностите.

Не бев таму да спечалам, секако живеевме поубаво, но гледавме да уживаме и прошетаме таму. Два животи да имаш Америка цела не можеш да ја прошеташ.

– Овде би сакал да работам со музика, да направам некој нови песни. Голема желба ми е да снимам преработки па ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

Како што е познато Ламбе има две деца, поточно два сина. Поголемит Михаил и помалиот Димитриј кој наскоро ќе полни 2 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.