Филип Талески: Сакав да бидам камионџија, морав да бидам во камион зашто уживав да се возам

  • By klaster3
  • април 12, 2022
  • 0
  • 534 Views

Ракометната репрезентација на Македонија е на два чекори до нов пласман на Светското првенство. Чешка е последната македонска пречка до учество на Мундијалот кој ќе се одржи во Шведска и Полска.

Првиот натпревар во Злин е закажан за в среда од 20:15 часот, додека реваншот е на програмата в недела од 19:00 во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Филип Талески е еден од нашите првотимци во репрезентацијата. Тој често е на ме та на критики поради слабите игри во националниот дрес и Вардар или поради неконстантноста.

– Често на социјалните мрежи гледам што се пишува дури и блиски роднини ми праќаат што се се коментира за мене и навре дува, вели Талески.

Како гостин во емисијата Фолк парада, Филип зборуваше за најубавите моменти кои ги доживеал во кариерата како ракометар, но и оние најбо лните.

– Првиот натпревар со Мегталург во Лига на Шампиони во Кил каде што постигнав три погодоци е момент што ќе го памтам цел живот, но и првиот настап во репрезентација кога целата публика го скандираше моето име.

– Треба со секој успех да се носиш, со секој пораз да се бо риш но на крај треба да не води едно нешто – да бидеме најдобри и да победиме.

– Имало доста коментари против мене, но нешто што највеќе ме допре беше кога го закачија мојот дрес на дрво со порака за мојата фамилија. Тоа ме бо ли навистина, но јасно ми беше се кога истиот човек после месец дена ме величеше.

Играв за големи екипи, од секој тренер имам научено многу и искуството ми е големо. Ако не постигнам гол во првиот шут, ја чекам втората шанса да дојде за да погодам, вели Талески.

Додава дека имало многу луѓе кои пред некој натпревар го прашувале колку гола ќе даде за да може да се обложуваат на него. За него тоа е крајно непрофесионално и често се случувало, доколку не погоди, луѓето да бараат да им ги врати парите.

Проговори дека освен спортот голема желба како дете му било да биде камионџија.

„Морам да кажам дека како дете сакав да бидам камипонџија зашто постојано кога имаше таква тура морав да бидам во камион, уживав да се возам“, признава Талески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.