Атиџе Муратова, главниот лик од „Медена земја“ е жената која што ја одбележа минатат годината и ја прослави Македонија ширум светот. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд.
Жената која одгледува диви пчели во селото Бекирлија, последниве месеци е во Скопје, кај Сузана Турунџиева која ѝ стана искрена пријателка.
Екипата на „Медена Земја, на Атиџе Муратова, по нејзина желба, ѝ беше купена куќа, која дополнително беше комплетно опремена (ентериер, бања, покуќнина, кревет, машини за домаќинство итн.) Обезбедени беа преку сто пакети со храна и лекови и приватни лекарски прегледи. Секоја зима беа обезбедени дрва за огрев.
Меѓутоа куќата остана недовршена, па затоа во тек се градежни зафати, но недостигаа одреден сума пари. Поради тоа Турунџиева се огласи на својот профил на фејсбук и сподели:
Во тек се градежните работи во куќата на Атиџе… Поради пад на доларот, досега донирате средства не се доволни за во целост да се завршат градежните активности.
Недостигаат уште околу 1000 евра. Да бидеме хумани, (на линкот подолу) да донираме колку што можеме, за на пролет Атиџе достоинствено да се всели во својата куќа
Доколку сакате да донирате тоа може да го сторите ТУКА.