Животот му се промени: Малиот Дуле чистеше снег со скинати патики, а сега има две огромни причини за радост

  • By klaster3
  • април 9, 2022
  • 0
  • 488 Views

Пред скоро два месеца осамна приказната за малиот Дуле на само 11 години, поради сиромаштија, за да заработи некој денар, чистеше снег во искинати патики.

По смртт а на таткото, Дуле, неговата мајка Маја и двајцата браќа живеат во нехумани услови. Вниманието на јавноста го привлече откако почна да бара работа како чистач низ соседството.

„Целата фамилија е убава, вредна и чесна, но живеат многу лошо. Тие го загубија таткото. Поради лошото и студено време Дуле се понуди да го исчисти снегот и продолжил да нуди чистење за да заработи некој денар.

Тој е премногу скромен, добар и благодарен. На училиште децата го исмејуваат бидејќи оди во искинати патики и алишта, но тој нема друго.

Но, кога неколку пати го прашав што им недостига најмногу, тој само ми рече „Храна. Никогаш нема доволно“ – раскажува Марија која ја поттикнала хуманата акција.

Дуле беше спремен да работи се, само да имаат парче леб. „Денеска нема училиште, па си играм малку. Чекам да ме повикаат на работа. Било каде, се би направил, не е важно“ – велеше тој.

„Работам да ги исплатам сметките и да имам барем основна храна. Некогаш доаѓаат сосетки и ни даваат храна и облека“ – вели Маја и додава дека најважно и е синовите да и се пристојни деца кои редовно одат на училиште и ја слушаат.

Два месеци подоцна, нивната среќа конечно се насмевна. Претседателката на општина Вождовац, Ивана Томиќ Илиќ, понудила конкретна помош.

Ја запишала  мајката Маја на курс за маникир. Маја успешно го заврши курсот, а сега си доби и комплетна работна опрема за да почне да работи.

– Маја е подготвена, ги повикувам сите жени од Вождовац, но и салони, да и помогнат на самохраната мајка да заработи за да не работат повеќе малолетните деца. Сакаме малиот Дуле да ужива во своето детство на кое има право – изјави претседателката на општина Вождовац, Ивана Томиќ Илиќ.

– Некако сè тргна надолу пред две години, по смрт та на мојот сопруг. Пет години боледув аше од слабо срце и диј абетес. Имаше три у дари, но последниот пат срцето не му беше доволно јако за да издржи – изјави Маја.

Таа работеше како хигиеничарка, а отсекогаш сонувала да си ги средува ноктите и другите жени, па од претседателот добила подарок курс за маникир, за самата да ја научи работата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.