Пред три дена поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов имаше прекрасен повод за славење. Имено, го доби првото внуче од неговиот син Иван.
Иван Иванов е единствениот син на поранешниот македонски Претседател Ѓорге Иванов и сопругата Маја кој студираше на Правниот факултет, отсек политички науки.
Пред неколку години беше препознатлив како младото момче со бујна коса и лежерен стил, веќе извесен период има комплетно нов имиџ.
Малкумина знаат дека Иван е голем љубител на музиката и има свој бенд. Во изминатите години тој бил редовен на сите поголеми рок концерти и значајни музички настани во земјава.
Лани тој ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.
Иван официјално стапи во брак со прекрасната Јана откако во октомври минатата година се верија, па така екс претседателот Иванов и неговата сопруга Маја станаа свекор и свекрва.
„Таа ме освои со шармот, насмевката, нивнотот на промислување на работите околу себе, со нејзината интелегенција, секако и убавина. Пред се ме освои со тоа што беше таа вистинската, едноставно работите течеа по природен пат.
Семејствата Иванови и Кочови имаат прекрасен повод за славење: им се роди првото внуче од Иван и Јана. Младиот пар доби син, а убавата вест ја споделија на социјалните мрежи.
Таткото на сопругата Јана, Атанас, по тој повод ја објави радосната вест на неговиот профил и напиша: Добредојде Принцу! Прво внуче! Ви благодарам Јана & Иван! Welcome to the World!
Сега, екс-претседателот Иванов има уште поголем повод за слава откако објавија како ќе се вика неговиот прв внук и истото го одбележуваат со прослава.
Семејството одлучило да ја испочитува познатата традиција кај нас, па новороденчето го добило името на неговиот дедо Ѓорѓе.