Повеќе од 700 животни го нашле своето засолниште во Колут близу Сомбор, каде Милан Мириќ им направил оаза во својата зоолошка градина.
На 17-годишна возраст, Милан Мириќ почнал да посвојува напуштени и пов редени животни. Денес, три децении подоцна, има своја зоолошка градина.
Дворот му станал тесен, па купил земја на соседот. Вистински животински рај кај Сомбор се простира на седум и пол хектари.
Елени, мајмуни, фламинго, папагали, лами, коњи пони и пар кафени мечки Бато и Сека се вистинските атракции на зоолошката градина Мики.
За сите нив се грижи токму тој, кој често се нарекува родител на животни. Милан нема слободен ден, не оди на патувања, а животните се питоми, па дури и мечките.
– Еднаш се случи Сека да излезе, отиде до Дунав, ја вратив назад, Бата излезе еднаш, но да не ги пл ашам моите посетители, не ги шетам толку надвор- низ смеа вели Мириќ.
Најголемата љубов на Мириќ се токму птиците. Најмногу има птици, атракции како што се фламинго, кранови, албатроси, и слично – вели Милан.
Колку животни има во Зоолошката градина, толку Мики има приказни. Оваа мала оаза е особено интересна за најмладите, па најверни посетители се децата, кои воодушевено гледаат како Мики ги храни мечките, пренесува ,,РТВ”
– Можеби единствена лоша работа ако ја има воопшто е тоа што немам многу слободно време за излегување, патување и слично.
– Но од друга страна придобивката со животните и нивната енергија кон вас е нешто непроценливо. Па така тоа задоволува, вели Милан.