Мелани: Животот во комбе ви изгледа како на филм, но никој не ви ја кажува реалноста

  • By klaster2
  • април 6, 2022
  • 0
  • 582 Views

Можеби еднаш ви текнало и здосадило во животот да ги откарате сите од таму каде што дошле и да решите да заминете некаде.

Така некој се решаваат да заминат под кирија, некој кај пријатели а некој се решаваат да живеат во комби, еден вид номадски живот.

Девојката по име Мелани Медоу всушност го направила тоа, односно се одлучила да замине да живее во комбе но тврди дека тоа не е за сите.

Таа на социјалната мрежа ,,Тикток” предупреди дека луѓето кои сакаат да живеат и патуваат во комбе треба да очекуваат дека тоа ќе привлече несакано внимание и неочекувани гости.

„ Што и да правите, ако паркирате некаде и излезете од комбето, а луѓето се таму, ќе ве зјапаат како да не сте во ред“

Минатата недела застанав на бензинска пумпа за да имам ужинка и госпоѓата што работеше таму почна гласно да ми вика дека не можам да спијам таму преку ноќ, но бев таму среде бел ден без намера да останам. “, се присетува таа.

Исто така, Мелани предупреди дека секогаш има спреј против разни бубачки, кои се чести цимери во подвижен дом, односно комбито.

„Еднаш, за време на едно од моите патувања, возев 320 километри на север само за да можам да ги отворам прозорците без постојано да влегуваат мувите“, тврди таа.

Исто така, ќе треба да се навикнете да немате многу простор – подобро би било да можете добро да се организирате и да се навикнете на минимализмот.

Таа призна дека моментите кога нејзиното комбе било чисто се „ретки“. Често е валкано и тоа е неизбежно, додава оваа ,,тиктокерка”

Но, и покрај препреките со кои се соочува Мелани, таа ја користи секоја можност да го живее својот живот на пат, пренесува ,, Сан”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.