Пејачот Бојан открива: Немав што да појадувам, па јадев остатоци од туѓ сендвич

  • By klaster3
  • април 3, 2022
  • 0
  • 353 Views

Црногорскиот пејач и текстописец Бојан Маровиќ беше еден од најсимпатичните музичари на сцената во 2000-тите, па многумина беа вљубени во него.

Кариерата ја започнал на фестивалот „Сунчане скале“ во 2003 година кога го освои првото место со песната „Теби је лако“.

Животот не го милувал многу, на 16 години го изгубил неговиот татко, па тој се грижел за мајка му и брат му.

За почетокот на кариерата, кој воопшто не бил лесен, Бојан зборуваше во емисијата „Гранд магазин“.

– Тешко ми беше кога првпат се преселив во Белград, но завршив факултет и станав виолончелист со диплома. Сето тоа морав да го издржам финансиски и психички, но бев истраен – изјави пејачот.

– Имаше разни менаџери, секој ми одземаше по нешто, но јас од сите научив – каков треба, а каков не треба да бидеш во животот.

Бојан кажа и дека имало денови кога немал што да јаде.

– Во Белград дојдов во 2003 година, имав договор со продукциска куќа. Во сите можни центри беше мојата слика, бев најбараниот изведувач, а немав ни динар во џебот – вели Бојан.

– Се сеќавам, доаѓам од настап и ми велат утре ќе ти дадеме пари кои никогаш не ги добив.

Доцнев за да ја платам киријата, толку пати загревав бајат леб што се зап али во микробранова печка.

Се сеќавам дека имав околу 40 настапи за три месеци, еден по друг, а јадев остатоци од туѓ сендвич.

– Се будев наутро и немав од што да купам појадок. На улица луѓето се сликаа со мене, а јас се молев на Бога да не сретнам некого, бидејќи немав како да платам за кафе – објаснува Бојан.

– Денеска не се срамам од тоа, бидејќи тоа е трн што мораше да ми бодне на кожата за да успеам.

Тогаш бев горделив, дури после 20 години решив да ја кажам вистината, бидејќи на сцената не може да се молчи.

Отсекогаш сум се разликувал од целокупната естрада и затоа не се занимавам со шоу-бизнисот, заклучува Бојан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.