Татјана и Драган одгледуваат осум деца – за големо и среќно семејство се неопходни разбирање и љубов

  • By klaster3
  • април 13, 2022
  • 0
  • 505 Views

Какво време дојде – луѓето или во доцни години се одлучуваат на брак или воопшто не се венчаат.

Вкавите одлуки на младите придонесуваат во опаѓањето и на наталитетот генерално. А колку е убаво кога ќе слушнеш дека некоја фамилија има повеќе деца.

Децата се благослов од Бога, тие го оживуваат духот во семејството, но ретко кој пар се одлучува да има повеќе од две, па и три деца, но ова семејство е навистина за пофалба.

Близнаците Маја и Маринко потполно го збогатија семејството на Татјана и Драган кое сега има осум деца.

35 годишната мајка Татјана вели дека за бројно и среќно семејство е пре судно разбирање и љубов, но и поддршка од добрите луѓе, соседи, кои во нивниот случај не недостасуваат.

„Имаме се засега, убаво се чувствуваме, планиравме уште едно дете, ама се роди двојка – момче и девојче. Помагаат постарите девојки, а инаку чичо и стрина се секогаш тука за се што треба и ни помагаат.

Тие ни ја купија и куќата исто така. Детски додаток не земам, но тоа би ми било најпотребно сега, немаме други примања.

Двајцата работат за дневници и не можат да го остварат тоа право, но им е најавено дека ќе можат да го добијат дури од октомври, велат од општината Брчко.

„Сега ни е потребна крава заради децата, купуваме млеко, малите го јадат“, додава Татјана.

Чичкото Предраг вели дека ги вратиле во живот со нивното семејство, им купиле и трактор, приколка, овен, овци, кокошки, сенешто. Ние сме среќни кога ги слушаме децата како викаат секој ден.

„Ова е еден од светлите примери во ситуација кога имаме одлив на населението и намален наталитет – имавме чест да посетиме повеќечлено семејство што ни докажа дека материјалните услови не се пречка за создавање големо семејство.

Тие се богата фамилија и без обзир на материјалната состојба, нивното најголемо богатство се осумте деца.

Тоа ја покажува нивната лубов и спрема децата и спрема семејството – ги негуваат традиционалните вредности кои веќе се подзаборавени во нашево општество“, вели претседателот на општината.

„Ова се луѓе кои имаат потреба од некои работи и треба да им се помогне, но ако некој каже дека му треба крава значи дека тие луѓе се спремни да работат, спремни се да ги одгледуваат нивните деца – мир, слога и љубов овде не недостасува.

Се радуваме што можеме да презентираме вакви фамилии и тоа е за секоја пофалба. Во време кога наталитетот константно опаѓа, вакви примери се навистина светли, но за жал и многу ретки“, заклучуваат од Центарот за поддршка „Повеќе бебиња“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.