Од Запорожје до Струга – украинското семејство Орловскаја доби бесплатно засолниште во хотел во Струга

  • By klaster3
  • март 26, 2022
  • 0
  • 466 Views

Хуманоста на Македонците повторно на мегдан – во струшки хотел веќе недела дена бесплатно престојуваат Украинците Марија, Владимир и нивните пет деца.

Сопственикот на хотелот Aлберт Хани вели дека меѓу неговото семејство и украинците се родила неверојатна хемија уште на зум средбата кога случајно се нашле и се договориле да им бидат безбедно засолниште.

Откако пристигнале во Струга двете фамилии функционираат како едно огромно семејство. Меѓусебе си ги учат навиките, традициите,верата и разменуваат животни лекции.

А држат лекции и на многу други за срдечноста и несебичната гостопримливост.

„Тоа значеше дека не само ќе ја отвориме куќата, туку ќе го отвориме и срцето, паметот и секако ќе ги поддржиме финански колку што можеме.

Да се чувствуваат како дома. Како дел од нашето семејство, нашата куќа, разговараме за различни култури меѓу заедниците таму во Украина и овде.

Гостопримството е наша вредност и треба да ја зачуваме како нешто заедничко“, објаснува Алберт.

Марија и Владимир во земјава пристигнале само со облеката која ја носат на нив. Семејството Хани им помага и финансиски, но постојано пристигнува помош и од хуманите граѓани од целиот регион.

„Не смееме да профитираме на нивната ма ка вели стружанецот. Спремни сме да ги поддржиме финансиски, а доброедојдена е секако и помошта што ја добивам од граѓаните од Струга, Скопје..“, вели Алберт.

За спокојот кој сега го чувствуваат после многу непреспиени ноќи и страв раскажува и Владимир. Тој вели дека е воодушевен од љубезноста и хуманитарноста на македонците.

„Многу фини и љубезни се луѓето овде. Семејството Хани кои не примија дома и сите кои постојано прашуваат дали ни треба нешто или ни носат храна облека, пелени.

Прават се да се чувствуваме како дома. Ние имаме пари за уште некој период, спремни сме и да заработуваме чесно, би работеле било што но не знаеме што понатаму, што ќе се случи со нашиот дом, нашите стари животи во татковината, тоа ни паѓа многу тешко” -вели Владимир Орловскаја.

Семјеството со себе ја зело и другарката на нивната ќерка чиишто родители не успеале да ја напуштат Украина.

Од Црвениот крст апелираат луѓето веднаш да се пријават во нивните служби за да бидат вметнати во списокот да добијат помош и здравствена нега доколку е потребно.

Целиот видео прилог може да го проследите на Телевизија 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.