Секое семејство што ќе собере 15 пластични шишиња во струмичко го следува награда

  • By klaster2
  • март 21, 2022
  • 0
  • 485 Views

Секое домаќинство кое ќе собере 15 пластични шишиња добива една овошна садница по избор. Со ваква акција Ристо Манчев Градоначалник на Општина Босилово го започна првиот пролетен ден.

Целта на оваа акција е да се намали количината на пластичен отпад. Но истовремено да се пдоигне свеста кај граѓаните дека пластиката има употреблива вредност.

И дека воедно треба да се селектира и депонира на места предвидени за тоа, свое обраќање во врска со оваа акција имаше и градоначалникот.

– Денешната акција всушност опфаќа посета на секој дом, од порта на порта и притоа се врши замена на овошни садници со шишиња.

– На наше задоволство, одзивот на граѓаните е доста големи и вакви ацкии ќе прераснат во традиционални и почесто ќе ги правиме.

– Важно што треба да напоменеме е дека оваа пролетна акција ќе трае два месеци. Покрај денешната акција ќе бидат опфатени и други од сличен тип.

– Тие ќе опфатат култивирање на депонии, па чистење на депонии, исто така и организирано собирање на електронски смет.

– Како и дистрибуција на садови за отпад, вели градоначалникот за телевизија ,,Кобра”. Инаку граѓаните одлично ја прифатија оваа акција.

Во оваа акција исто така земаа учество и родителите на децата со посебни потреби и упатија една порака: Ја користам оваа прилика да се подигне свеста кај сите.

– Да бидат вклучени и децата и возрасните со посбени потреби, односно инклузивноста да се подигна на едно поголемо ниво, вели Коста- жител на Босилово.

Сите собрани шишиња од целиот овој настан кој ќе трае два месеци ќе бидат предадени во откупните центри каде што се преработува пластиката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.