(ФОТО) Беше македонска министерка, а сега одгледува кокошки: Треба само да се работи – без работа нема ништо

  • By admin
  • март 21, 2022
  • 0
  • 584 Views

За политичарите општо познато важи дека станува збор за луѓе во фотеља кои работат фини нешта, но има и такви кои се поразлични.

Пример за тоа еФросина Ташевска Ременски која сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија неодамна имаше обид повторно да се врати на политичката сцена.

Пранешната министерка пред извесен период повторно стана актуелна откако реши да се кандидра за лидер на СДСМ, но на партиските избори не беше одбрана и победи нејзиниот конкурент и актуелен претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Сепак откако не успеа да победи на изборите, таа повторно се врати на она што го правеше во изминатиот период и се посвети на фамилијата и домаќинството

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Пред извесен период Ременски преку фејсбук повторно се огласи од Малешевијата, поточно од Ратевo и притоа изненади од својот стајлинг.

Таа облечена во гумени чизми до колена, на себе носејќи плетено елече работеш во нива и приота напиша:

Работен викенд фоф гората на Периовец со нови овошни садници, закројување и ѓубрење

За Ременски познато е дека важи за жена домаќинка која особено на лето и есен е во малешевијата и селото Ратево каде неретко работи и земјоделски работи.

Меѓутоа освен тоа таа во скопско Бардовци има и фарма за кокошки, па по тој повод се огласи на својот фејсбук профил и напиша:

Фармата полека се намножи, а ратевские петел воведе ред фоф кокошарнико. Јајца ималое и че има. Природата дава се’, треба само да се работи – без работа нема ништо.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.