Бобан по шест месеци во Германија се врати назад во Македонија: Тоа таму не е за мене

  • By admin
  • март 20, 2022
  • 0
  • 676 Views

Со децении наназад жителите на Балканот се во потрага по поубав живот и можности за работа во земјите како Германија, Швајцарија, Австрија, САД.

Од ден на ден се помасовно станува иселувањето зашто секој втор веќе размислува да ја напушти татковината. Но, воглавно, откако ќе заминат, постојат две опции: или веднаш се враќаат (по два–три или шест месеци) или после години и години работа во странство.

Сите знаеме барем по некој од двете групи. Додека сите меѓусебно си даваат поттик да заминат во белиот свет, до нашата редакција стигна сведоштвото на Бобан М. којшто си ја пробал среќата во Германија, но за чудо се вратил и ја пренесува причината за одлуката.

„Со моиве 33 години секој човек кој не завршил факултет и сака да работи во никој случај не би останал тука да ‘рмба за 18 илјадарки. Не сум женет се уште и кога одлучив да ја напуштам работата тука и да заминам во Германија сите мислеа дека готово ќе заработам пари и ќе се скрасам.

Сега, не ја ни кријат зачуденоста. Па и гајле ми е, тука работев на машина во погон, ми здоасади и решив да одам во странство. Сите ми ја фалеа Германија, извадив документи, најдов работа преку пријател во една ѕидарска фирма, но не, не можев да издржам таму.

Јасно е дека се зема поголема плата и ако штедиш ќе имаш и за прошетки, ама јас не сум таков тип на човек. Дури човек не отиде и искуси, не може од дома да ми кажува како е. Не успеав да се навикнам на нивниот живот.

Работа од утро до мрак, врати се дома затвори се во соба со уште тројца цимери, легни, стани, секој ден се едно исто. За тие шест месеци колку што бев заработив колку да живеам тука 2 -3 месеци без работа, ама не планирам никогаш да се вратам. Не можам да прифатам дека засекогаш ќе сум странец во таа земја.

Па уште кога ќе ми речеше пријателот ајде и во слободните денови да одиме негде да сработиме за дневница, ми се лош еше. Јас сум си човек кој кога работи, работи, ама си сакам и одмор и одење во кафана, во кафич, сакам да си го искористам слободното време како млад.

Па сега, парите се заработуваат, ќе се стегнам 5 – 6 месеци како сега, ќе заработам и ќе имам за живот. Не сакам јас да одам во странство и за некој друг да работам по цел ден, уживам кога се собираме со друштвото на седенка, а таму што, ни другар ни колега не можеш да видиш.

Тоа Германците еден ладен народ, барем за мене се погодија такви, затворени, гледаат само да завршат работа и да бегаат дома. Абе не е работата се во животот.

Мора да си дадеме и одмор малку, во старите денови само спомените ќе ги раскажуваме, а не кој каде и како работел. Сфатив, не е тоа за мене. Точно дека има ред во Германија, висок стандард, но и не е најсјајно.

Местото каде што живеев јас беше вистинско село. Луѓе доселени од разни страни, еден чист Германец немаше. Не сум спремен јас да живеам во таква заедница, подобро ми е во родната куќа со моите, барем си имам свој покрив над глава, свој автомобил, а во Германија морав да патувам саат време или повеќе до теренот за работа.

Едвај некако успеав тие шест месеци да ги поминам таму. Не ни размислувам да се иселам некогаш и таму да основам семејство. Нема шанси, и кај нас никој не трпи за леб, сите имаат барем за толку.

Па и пет деца да имам ќе ги израснам со минимална плата. Ако ништо друго барем си научив нешто занает и можам дополнително да работам. Кој сака нека оди нека работи цел живот и ништо од младоста нека не искуси.

Ќе си продолжам во Македонија како и порано, барем не се каам што се обидов и видов како е. Си имам раат живот тука, од понеделник до петок работа, викендот со пријателите си го поминувам, се подновив сега и со нов автомобил и ич не му ја мислам за Германија. На кој му одговара нека биде ро б цел живот“.

Обработил: А.Л. Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.