Весна: После многу години во Белгија се вратив во Македонија, но на неколку работи никако не можам да се навикнам

  • By admin
  • март 16, 2022
  • 0
  • 533 Views

Додека сме сведоци на постојаното иселување на Македонци во странство, постојат и такви кои одлучиле да се вратат во родниот крај. Враќањето дома може да биде прилично тешко бидејќи повратниците најчесто се соочуваат со „балканските“ обрасци на однесување на кои не се баш навикнати или ги заборавиле.

За своето искуство ни пишува читателката Весна М. и ви го пренесуваме во продолжение.

„После 40 години поминати во странство се вративме во градот каде што ни цутеше младоста. Прашањето кое најчесто го слушам во последниве месеци е: „Како е, се навикнавте ли?“ Јас велам, на убавото не треба да се навикнуваме туку го прифаќаме и не размислуваме за тоа бидејќи од Бог ни е дадено.

На тоа што не ни се допаѓа, од кое сме оддалечени одамна, ни треба и време и добра волја за да се навикнеме и снајдеме. После години поминати во Европа, Балканот ни е нешто непознато.

Доаѓавме со семејството на одмори тука, но зедовме пензија со сопругот, па лани решивме да се вратиме. Децата ни останаа во Белгија, си имаат и кариера и живот таму.

Разликите се очигледни, никаков ред нема, ѓубре насекаде, несредени тротоари и уште многу други. Од друга страна па кафичите, рестораните, клубовите вријат од народ по цели денови – изгледа слабо им се работи на луѓето.

Ќе набројам неколку работи на коишто уште не можеме да се навикнеме во Македонија: прво, гледам дека рециклирањето на амбалажите не е на завидно ниво, народот не може да се навикне да го двои ѓубрето спрема видот, си фрлаат кој каде ќе стигне. Слушам и за пластичните кеси има високи цени, ама не ни значи, па ние сме си навикнати на корпи произведени од органски материи.

Друго, ме нервира што има толку кучиња скит ници, не само што може да нападнат, туку и што прават неред по улиците, а за сопствениците па да не зборувам, култура никаква ни сметот не го собираат по нив.

Музиката скоро секаде ми е прегласна, сегде се пушта различна музика која се меша и ни смета. Луѓето пак премногу се посветуваат на изгледот, шминка, парфеми, лошо е кога се тоа ќе се помеша.

За мобилните да не зборувам – станаа божество, единствен извор на забава. Сите зјапнале во телефоните и не те ни слушаат кога зборуваш. Децата се премногу огалени, па не знам јас ние кога сме биле мали или таму кај што живеев во Белгија, родителите или бабите да им ги носат чантите на децата на училиште.

Абе пушти ги нека се снаоѓаат сами, нека бидат независни, тука ги држат децата како капка на дланка и после се нервираат кога ќе им се качат на глава. Друго што особено ме нервира, многу некултурни луѓе живеат тука.

Заменката вие скоро и да не постои, дури и во јавни установи сите ми се обраќаат со ти. Тоа ми дава впечаток дека личноста нема домашно и школско воспитување.

Ние сме веќе стари ама да занете дека во Европа има ред, тука секој втор има автомобил и мисли дека може да лета со енго. Се вози толку брзо што ми е страв на пешачки да поминам.

Сите негде брзаат, занесени во телефоните или којзнае каде. Постои и една друга група на луѓе – оние што работат на шалтерите и кои ме вадат од такт. Таква некултура и неуслужливост како тука нигде нема.

Приватно телефонирање, пиење кафенце, паузи, а ти чекај си со денови за да ти завршат и најмала работа. Катас трофа невидена, и после сакаме во Европа.

А за да ти завршат работа, како и секогаш, сега уште повеќе е застапено, ти требаат јаки, ама стварно јаки врски. И не така за џабе, мораш дебело да си платиш.

Абе во Европска држава се знае, нема што да се мавташ по шалтери и да чекаш, се може со едно одење или електронски да се заврши, сите податоци ги имаат во системот.И за крај, нешто што ми пречи навистина е пуш ењето во затворени простори, демек има закон ама не се почитува, ама не ги ни посетувам во тој случај“.

Обработил: А.Л Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола од редакцијата на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.