Познатата новинарка Мери Јордановска на својот профил на фејсбук сподели емотивна објава во која што вели:
Половина година Љиљана, порака до човекот што ве фрли: Кога го видов видеото од фрлена мајка која лежи покрај контејнер, а нејзините три малечки цицаат од неа, ни за момент не се помислив дали да се обидам да спасам, барем едно од нив.
Си велев, аман, само нека нека не ми го носат кафеавото, оти кафени кучиња тешко се вдомуваат.
Епа токму тоа кафено куче никогаш и не беше огласено. Стана наше, веднаш, тешко 150 грама, со волја за живот тешка еден тон.
Дали знаеш дека токму тоа куче не можеме да го оттргнеме од луѓе и дека кога ќе види човек, веднаш му се фрла во прегратка и го бакнува?
Да можеше да ме разбере, ќе ѝ кажев дека не секој е вреден за таква љубов, дека не секој ја сака, дека не секој може да ѝ возврати, ама кутрата не разбира, па шири љубов каде и да оди?
Дали знаеш дека она пее кога ќе слушне звук од играчка? Знаеш ли дека се облизнува секогаш кога ќе види топче, никогаш не сфативме зошто, ама пустата мисли дека ло ви.
Дали знаеш дека лае под јорган, мислејќи дека нè штити, како кога мравка штити слон. Знаеш ли дека омилена играчка ѝ е новогодишно перниче, ѝ ги купивме сите, ги распадна сите, па сега го вртиме цело Скопје да ѝ најдеме нова, оти немаме веќе ниту игли ниту конци да ги шиеме остатоците од постојните?
Знаеш ли дека најдобра пријателка ѝ е уличната мачка Белка? Знаеш дека е тешка колку глувче па на 2-3 пати ќе ја уловеше гавран и ќе ја оддуваше ветер? И дека она е xс a кожата ѝ е M, па си фаќаме сеир со тие смешни набори на кожата?
Не знаеш, не можеш да знаеш, оти реши да ја фрлиш. Но, сакам да знаеш што фрли. Фрли нешто што овој свет, или барем едно семејство, го направи поубаво, подобро, посреќно. А замисли само колку подобар човек ќе беше да не посакаше да биде мр тва.
Во секое живо суштество се крие по една Лили, по една Љиљана, што го вади најдоброто од нас. Со секое фрлање, ако тоа суштество не преживее, одземате нечија шанса да биде поубав овој свет. Шест месеци Љиљана и овој свет е поубав.