Четврта година по ред, Швајцарија е прогласена за најдобро место во светот кога станува збор за привлекување и грижа за квалификувани работници.
Швајцарија доби пофалби за својот висококвалитетен образовен систем и фокусот на таленти, како и за можноста да привлече професионалци од странство со висок животен стандард и солидни плати.
На второ место се најде Данска благодарение на еднаквите можности кои ги нуди данското општество, а третото место му припадна на Луксембург поради постојаните инвестиции во работната сила во последниве години, пренесува Bankar.me.
Еве ги првите 10 земји на листата која опфати 63 различни пазари:
Швајцарија
Данска
Луксембург
Исланд
Шведска
Австрија
Норвешка
Канада
Сингапур
Холандија
САД е рангирана на 15-то место, веднаш позади Германија (11), Австралија (13) и Хонг Конг (14). Ирска е на 18-то место, Тајван е на 20-то, а Велика Британија на 23-тата позиција.
На дното се Русија, Бугарија, Мексико, Романија, Колумбија, Бразил, Венецуела, Словачка, додека Индија и Монголија се последни на листата.