Бате Аце од Штип со друга вистина за сограѓанката Мира: Со живот тврдам ова што го кажувам е 100 посто вистина

  • By admin
  • март 14, 2022
  • 0
  • 543 Views

Во емисијата „Срце на длнка“ својот живот го раскажа Мира Атанасова од Штип која денес е осамена без ниту еден роднина или пријател.

Мира добро се образувала и станала академски граѓанин, таа добива работа како професор по македонски јазик. Но по заминување од овој свет на родителите таа поради долг морала да го продаде станот.

Поради тоа станот го заменува со гарсоњера, а тоа ќе и биде пресудна одлука животот да тргне надолу. Неискусна верува на погрешни луѓе и останува без пари и без стан.

Гоемиот хуманитарец од овој град Александар Горгиевски или во јавноста познат како Бате Аце се огласи на својот профил утрово и ја кажа другата вистина:

За женава овие два дена ми пишаа многу луѓе и побараа од мене да помогнам да се вклучам но драги мој добро е да ја информирам јавноста за каков случај се работи за да работите станат појасни.

Женава многу добро знам која е живее под кирија на истото место каде живееше Љупче Смилев со малиот Андреј за кој се дигна цела држава.

И треба да знаете дека има пензија и солидни примања а со години и питачи по градот и ги ман ипулира и тер ор зира граѓаните на Општина Штип велејќи и дека нема пари за леб и лекови што не е вистина.

И ако мене ме питате како да помогнете еве ќе ви дадам искрен одговор за да не бидете зло употребени изм анипулирани ве молам добро прочитајте што сум пишал бидејки е 100 % вистина.

Единствена помош која овдека е потребна е жената да се згрижи и да се лечи во некоја болница под ит но.

Собирање донации парични средства храна облека хигиенски сретства овдека е залудно. Тоа најодговорно го тврдам со живот и апелирам да внимавате за овој случај каде донирате и на кого.

Треба да знаете дека ако сакаме искрено од срце да помогнеме е да се погрижиме сите заедно да ги информираме надлежните институциите женава под итно да си ја згрижат и да и пружат нега која е и те како потребна.

Таа е пензионер си има добра пензија од која може безгрижно да живее. Секој што од вас хумани луѓе ќе прибира донации за помош на женава бидете сигурни дека ве ма нипулира затоа внимавајте ве молам .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.