Кога станува збор за македонска фолкерка Сања Сани Гроздановска многу нешта се оддамна познати, меѓудругото дека по потекло е родена кумановка, со адреса на живеење во Скопје
Сања Сани Гроздановска, една од најпопуларните и најпознати македонски фолкерки од помладата генерација реши да направи комплетна трансформација
Или поточно мораше, но, не во изгледот и имиџот, туку во еснафот, зашто вирусот ја натера да ја смени професијата, сакала или не, како и многумина други естрадни уметници чија кариера е на работ на пропаста, а за егзистенцијата и да не говориме.
Токму затоа, естрадата тргна да бара алтернативни решенија за сопствениот опстанок и опстанокот на своите семејства, па многумина од нив свртеа нов лист во животот, оставајќи го свирењето и пеењето да чека подобри времиња, ако воопшто тие и дојдат.
На естрадните уметници не им преостана каде да пеат, па од естрадни полека стануваат страдни. Не им преостанува ништо друго освен „само да се сликаат“.
Многумина од нив од пејачки станаа манекенки, модели, инфлуенсерки, блогерки… па се’ до меанџии и психолози. На оваа категорија естрадни уметници во „преквалификацијата“ на професијата и се имаше приклучо и Сани Гроздановска.
Сани тогаш почна со работа во компанија која неодамна е формирана за да ја „зголеми конкурентноста на пазарот на мобилната телефонија и мобилни услуги со цел да внесе поквалитетна и пофлексибилна понуда до секој корисник, како приватно лице или бизнис корисик“
Во меѓувреме мерките олабавија, па естрадните уметници повторно започаа со своите настапи кои ги имат често, а меѓу нив е и Сани.
Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, па така денес со своите фанови сподели една убава вест. Имено се поднови со нов автомобил од марката Мерцедес Ц200 бела боја чија пазарна цена е околу 20.000 евра
Сани на својот профил на фејсбук сподели фотка на која позира до новиот автомобил и напиша: Со здравје да си ја возам.