Скопјаните Трајче и Жарко го качиле во авион Зоран и му приредиле изненадување кое ќе го памти долго

  • By klaster2
  • март 11, 2022
  • 0
  • 515 Views

Ова е приказна со тројцата скопски мускетари Зоран Капетановски- Мачки, Трајче Илиевски- Цуцла и Жарко Николиќ, првите двајце се сниматели во македонската радио телевизија а Жарко е реализатор во истата.

Наскоро Зоран треба да се пензионира па така неразделните другари му подготвиле несекојдневно изненадување: Идејата беше наша имавме еден пријател во Гетеборг.

– Таму тој има апартмани, а Мачки незнаеше каде го носиме само една недела претходно му реков дај ми го пасошот, вели Цуцла.

– Имавме доста проблеми околу реализација на патувањето, тој е вакциниран со руска вакцина, па така имаше проблеми и беа риго розни Швеѓаните, вели Трајче за ,,Зевзекманија”

– Но ни помогна еден бизнисмен од Шведска кој ,,Не покани на состанок во неговата фирма” и така започна нашето три дневно патување во Шведска, се присеќа Трајче.

– Ми беше чудно ми бараа цело време пасош, јас мислев се шегуваат. Таму кога отидовме ми легна веднаш шведскиот јазик. Еве еден наједноставен пример. Паркинг, кај нив се вика ,,Паркеринген”, вели Мачки.

– Едно добра седенка во шведски локал, со ордвер, салата богато главно јадење за четворица не чинеше 1.500 евра, вели Жарко.

– Платите најосновни се движат од 1000 до 1200 евра, другите луѓе што доаѓаат така да речам пообразовани доаѓаат и до 6.000- 7000 евра плата.

– И ќе си речете леле ова е многу голема плата, но во Шведска за да платите една гарсоњера ќе ве чини 500 евра, вели Жарко.

– Се плаќа 50 евра за паркинг пред зграда, 300 евра за гас, па за струја и вода… Ние балканците кога испиеме некоја чашка се погласни и се забавуваме.

– Но веднаш ќе ти реагираат да го намалиш тонот таму бидејќи луѓето треба да одмараат. Мора да бидеш правилно паркиран да не ја газиш белата линија инаку следува ка зна.

– Алко хол во продавници не се продава од сабота од 15 часот па се до понеделник во 08 часот, вели Жарко за стро госта таму.

– Се на се Шведска ќе ја паметам по тридневното смеење и забавување со пријателите, денешно време тешко да опстанат такви пријателства.

– Колегите од работа ти се и како семејство, ние кога завршиме со работа одиме и во кафеана, па се слушаме повторно на телефон, вели Мачки за пријателството.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.