На само 13 години Ратко Марковиќ од селото Роге близу Пожега веќе има завидно искуство и е еден од најмладите арабаџии во Србија. Целиот летен одмор го поминал со својот татко во шумата.
Станува рано во зори, да подготви сè, појадува и оди на работа, толку невообичаено за толку мало дете, бидејќи е оваа работа е резервирана само за најхрабрите и најсилни.
– Од мал одам на работа со татко ми, и така најмногу сакам да го поминувам слободното време. Полека научив да правам сè.
– Понекогаш дури и да се кр ијам бидејќи таа работе е многу тешка и тато не ми дозволува. Прво само носев вода, а подоцна кога видоа дека знам и можам, ми доверија малку потешки работи.
– Дури научив да сечам дрва, татко ми ми покажа се. Сепак, тој сè уште ја работи таа работа, а потоа јас го ставам трупецот на синџирот на коњот и така безброј пати во текот на денот, вели Ратко за ,,РИНА”
Ратко има и верен пријател во оваа тешка работа, коњот Цветко. Двајцата дневно вадат по 20 кубни метри дрва. Едно дрво тежи околу еден тон, а едноставна пресметка може да каже колку тежина поминала над овој мал грб.
Иако се уште е само дете, на овој начин му помага на својот татко и на целото семејство да заработат пари. Има навики на кои многумина би му позавиделе. Кога ќе ја заврши работата во шумата, веднаш продолжува со работа околу куќата.
– Тој е мојата десна рака, многу сум горд на него. Кога беше помал, не сакаше да се раздели од мене, па заедно одевме во шумата.
– Најмногу го научив да се грижи за себе и за сите околу него. Шумата може да биде многу су рова и не безбедна ако не ги знаете сите нејзини закони.
– Работата е тешка, но мора да се заврши. Срцето ми е полно што веќе гледам дека ќе биде маж. Само работата може да го извлече од тоа – вели Слободан.
Сите соседи слушнале за Ратко и имаат само пофални зборови за него, бидејќи тој не помага само на татко му во шумата, туку и на сите соседи на кои треба.
Неговата најголема желба е за неколку години да стане професионален дрвосечач, бидејќи иако тешко, за него, како што вели, нема подобра работа.
-Тоа најмногу ми се допаѓа, немам намера да го напуштам селото во кое сум роден, туку да останам овде. Знам дека само преку работа можам да се обезбедам добар живот.
– Целта ми е да заработам доволно пари, за еден ден да купам трактор, бидејќи така би можел да ги извршувам сите земјоделски работи – вели малиот Ратко.
Од својата мала плата, која повеќе од заслужено ја добивал од татко му, успеал да заштеди пари и да ги потроши како што сака. Но, не купил нов модел на мобилен телефон или модерна јакна туку Ратко купил мала моторна пила.