Македонија од една работа нема да се откаже од Русија – познато и зошто

  • By admin
  • март 9, 2022
  • 0
  • 524 Views

Државата мора да ги следи цените на берзите за нафтени деривати, во спротивно може да останеме без гориво на бензинските пумпи, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателот на Регулаторната комисијата за енергетика, Марко Бислимовски.

„Ситуацијата е многу јасна – или ќе ги следиме трендовите и при тоа Владата да преземе соодветни мерки, колку што може да влијае, или, доколку не ги следиме трендовите и држиме една ниска цена, во тој случај ние ќе немаме нафтени деривати на бензинските пумпи“, рече Бислимовски.

Бензинските пумпи немаат право да не точат гориво и за тоа би можело да се соочат со одземање на лиценцата за работа, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски.

Запрашан за став откако пред неколку денови граѓани реагираа дека на бензинските не им било наточено гориво, Бислимовски рече:

„Регулаторната комисија за енергетика, откако доби дојави од граѓани дека тоа се случува веднаш го информираше Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Ние немаме никаква надлежност врз бензинските пумпи. Ние издаваме лиценци за трговија со нафта и нафтени деривати на големо.

Доколку се утврдат такви неправилности, ДПИ ќе си преземе соодветни мерки, за тоа ќе ја извести РКЕ и како и до сега што сме правеле, сме постапувале за одземање лиценци на одредени трговци на големо на чии бензински пумпи биле направени прекршувања“, вели Бислимовски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека земјава 100 проценти од потребите за природен гас ги обезбедува од Русија и е 100 процентно зависна исто како и Молдавија и Босна и Херцеговина и затоа не можеме да си дозволиме луксуз да се откажеме од рускиот гас.

Ако се откажеме од гасот, вели ќе треба да се грееме на мазут.

„Покрај тоа, сите компании кои го прават најголемиот извоз во државата користат природен гас. Таа ситуација би претставувала сериозен проблем за работењето на овие компании.

Затоа сметам дека во вој момент не можеме да се откажеме од природниот гас, бидејќи реално не веруваме дека има алтернатива и не може во овој момент да има алтернатива, рече Бислимоски во емисијата Топтема на ТВ Телма.

Откажувањето од рускиот природен гас, како што кажа, ќе предизвика сериозен удар врз македонската економија. Вели дека не се осудува да прогнозира колкава ќе биде цената на гасот во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.