Мира нема дом, спие под отворено небо, ниту пак услови за да се прехрани а ниту лекови за да го одржува здравјето на ниво.
Безимоска Мира потекнува од Ореше (Велес), завршува само основно образование и како млада работи по нивите. На 19 години таа одлучува да се омажи, чииј избор ќе се испостави подоцна дека не е добар.
Има три ќерки, живееле во семејната куќа на сопругот, кој ги остава и заминува во странство. Деверот ќе ги набрка од куќата, па така тие талкаат од куќа во куќа, од едно место во друго место за да на крај завршат на улица.
На крајот грб на Мира ќе и завртат и нејзините деца, кој освен што не и помагаат, и го земаат и тоа што таа ќе го заработи.
Се случува таа да не јаде со денови, спие во остатоците од поранешна урната куќа, спие на земјата и под отворено небо.
– Се омажив доста млада, не ми беше тешко, живеев каков таков солиден живот, но потоа сопругот замина. Јас дојдов во овие рушевини каде сум веќе 20 години.
– Од Лабуништа отидовме во Скопје, таму трите ќерки завршуваа образование, потоа се вративме овде бидејќи кириите беа скапи.
– Кога дојдовме тука, моравме да се седиме во овие рушевини, ќерките не се овде со мене, тие си живеат посебно и не ме посетуваат, вели Мира.
Оваа жена е често гладна, не јаде со денови, се бања неколкупати годишно доколку отиде кај сосетката Летка, а и тоа јадење што ке си го обезбеди, најчесто од не хуманите и лоши луѓе ќе и биде одземено.
– Вака сум со години, навикната сум, отидов до градот и кога се вратив се ми беше истурено и испревртено, вели Мира пред камерата на ,,Срце на Дланка”
– Одам на пазар, таму работам колку можам, но луѓето ми ги земаат работите што ги имам. Денеска не планирам да јадам немам ни што.
– Работи на пазар оди, знам дека и купуваат по еден бурек а друго не знам, навистина жално, долг период е вака, вели сосетката Летка.
– Оди проси по бензинските за едно кафе што се вели, нема каде да прави јадење, ниту каде пак да седи, доаѓа лето кај мене се бања, додава Летка.
Социјалната помош на Мира е укината поради тоа што не ги обновила документите, а јадење и донесува соедката барем еднаш неделно и одвојува од својот буџет и и дава.
– На овој простор само едно собче би и било доволно да не мрзне и да се спаси оваа жена, барем на земја да не лежи, вели сосетката.
Доколку сакате да помогнете на оваа жена да живее достојно тоа можете да го направите на следниот телефонски број 078/717828 или на жиро сметката 500600020388330 Стопанска банка а.д.Битола Мира Бизимоска