Османи открива каква е ситуацијата од утрово со Македонците во Украина

  • By admin
  • февруари 24, 2022
  • 0
  • 427 Views

Од рано утрово како ширум светот, така и во Македонија актуелна е ситуацијата во Украина и тамошните случувања.

Пред десет дена односно на 13 февруари министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи изјави дека има четири категории наши државјани во Украина – во првата категорија се амбасадорот и уште еден дипломат во нашата амбасада во Киев и нивните семејства.

Тогаш немаше одлука да се затвора амбасадата, но беше одлучено нивните семејства да се вратат во Скопје. Османи соопшти дека во оваа земја живеат стотина Македонци.

Меѓу нив се околу 30 набљудувачи во рамки на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ, кои се втората категорија наши државјани во мапирањето на МНР.

-Набљудувачката мисија на ОБСЕ е важна за следење на настаните во Украина и затоа засега се уште немаме одлука да ги повелечеме нашите набљудувачи, но сме во блиска координација со другите земји учеснички, со Секретаријатот на ОБСЕ во Виена и ќе одлучиме кога ќе процениме.

Засега само САД имаат одлука да ги повчлечат своите набљудувачи во рамки на оваа мисија на ОБСЕ, но не и други земји, рече шефот на дипломатијата.

Во третата категорија се околу 40 наши државјани кои од различни причини се наоѓаат во Украија и 30-ина членови на нивните семејства, со тоа што членовите на семејствата повеќето се украински државјани.

Тогаш Османи ги повика нив да се вратат. Колку се вратиле до денеска не соопштено.

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ѓоко Зајков кој настапува за Ворскла од Полтава, пред два дена исто така изјави дека останува во Украина

„Тука се е нормално, нема никакви те нзии. Го слушнав апелот на Министерството за надворешни работи, речиси сите земји испратија такви апели, но во разговор со луѓето од клубот добивме совети дека не треба да па ничиме, дека во моментов нема ништо сериозно, ако има такво нешто ќе не известат прво нас, тогаш би немало ниту фудбал во земјава.

Затоа решивме да останеме тука, не само јас, туку и сите страници кои играат. Тука е се нормално, градот функционира нормално, си работат рестораните, кафичите, продавниците, луѓето живеат нормално“, изјави Ѓоко Зајков за утринската програма на „Телма“ пред два дена.

„Ја следиме следиме тамошната ситуациај во поглед на нашите граѓани. Досега имавме неколку апели да се искористат сите можности и со комерцијални летови да се вратат.

Дел од нив се вратија, дел од нив останаа. Во комуникација сум со нашата амбасада таму од утрото и веќе има неколку наши граѓани кои бараат документи за да ја напуштат Украина. Ние веќе правиме планови за евакуација на нашите дипломати иако таа одлука се уште ја немам донесено, но постојано сме во кординација.

Денес се обратија две семејства во нашата амабасада кои бараат одредени документи за да ја напуштат држава. Ние имаме резервни планови од претходно како би ги извадиле нашите луѓе. Но сега станува се потешко да им се излезе во пресрет, но продолжуваме со комуникација за да им помогнеме, изјави пред малку Османи за Канал 5 тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.