Ако ги прашате помладите, повеќето од нив и уште утре ќе се качат во авион и ќе си ја пробаат среќата во некој од западните држави или преку океанот.
Русинот Глеб Филс (22) го направи спротивното. Тој се простил од Лондон, каде што тогаш живеел, но и од родната Русија, а животот го продолжи со родителите и сестрата во соседна Србија.
За него, иако некому можеби звучи чудно, во моментов нема подобро место за живеење од Србија. А не живее ниту во Белград, ниту во некој поголем град.
Глеб и неговото семејство се населиле во село на планина, каде што одгледуваат стока, имаат своја градина, мир и прекрасна природа во која, како што раскажува Русинот, уживаат секој ден.
– Имам 10 овци, препелици, патки, гуски, мачки, кучиња. Имам и стаклена градина. Навистина е убаво, бидејќи цела година користам свежа храна од пластеникот.
– Тешко е само понекогаш во зима, кога нема доволно сонце, па немам струја поради соларни панели, или кога долго време нема дожд во лето, па немам вода, вели тој за ,,Телеграф рс”
Во изминатиов период, го научил јазикот и стекнал многу обожаватели на Тик Ток и Инстаграм, каде редовно известува за анегдоти од Србија.
– Одев на училиште во Грција таму живеев еден период и се заљубив во нивната култура и живот. Во Србија ми е многу слично, но малку поубаво и помило, бидејќи се чувствувам поблизок со луѓето.
Можеби затоа што сум Русин. На пример, Божиќ го славиме истиот ден, а Србија сега е најубавата земја во која можам да живеам – вели Глеб.
– Можам да кажам дека овде народот е доста госопримлив мали се тие случаеви каде некој не сака да ти помогне, додава тој.
– Девојките се многу убави. Одамна не живеам во Русија, но дојде брат ми и рече дека овде се многу поубави отколку во Русија.
Кога ќе го прашате за иднината, веднаш дава до знаење дека не размислува повеќе од шест месеци однапред. Она што со сигурност го знае е дека во Србија ќе го продолжи своето образование, а неговата желба е да се запише во училиштето ИТС.
– Многу Срби ми велат дека сакаат да одат во Русија, но таму е многу полошо отколку овде. Многу е скапо и во Москва и во Лондон, а климата не е толку добра како тука.
– И храната не е толку свежа. Рајот овде е многу поубав отколку во Лондон и Москва, мирот е најубав овде, вели тој за крај.