Познатата македонска новинарка Вики Ристоска Чадиковска вчера се огласи на својот профил на фејсбук и сподели низ што минува.
По 5 недели здравствена би тка со Ковид, срамежливо го кревам знаменцето, со радост уживајќи во погледот кон победата.
Сè уште не е готово, но, веќе е полесно кога знаете дека сте на другата страна од не пријателот кој ве на паднал, на позиција до победа.
Би сакала јавно да им се заблагодарам на сите лекари, кои во изминатиов период, одговорно, внимателно, детално и посветено се грижеа за секој здравствен детал, за да ми помогнат да го совладам она што е сè, само не, обична настинка.
Ви благодарам што ми помогнавте заедно да извојуваме победа. Ви благодарам на трпението и аналитичност со која посветено го проверувавте секој детал во врска со мојата здравствена состојба.
Ковидот е би тка за воздух, би тка за здрави органи, но и за ментално здравје. Не е едноставно, кога долго време се справувате со чуд овиште, кое се обидува да ви ги најде сите слаби точки и да предизвика секакви последици со кои ќе го заг рози вашето здравје.
На моменти се чувствувате уморно, додека во себе треперите од помислата дали ова ќе заврши еднаш. И кога во првиот бран, мислите дека како грип, сте го совладале, само по два дена, ве на паѓа, повторно и посилно.
Јас сум човек кој не е навикнат да мирува, па токму можеби и затоа не посветив доволно внимание на главната препорака на лекарите-одмор.
Затоа и сум среќна денес, што благодарение на нивната посветеност, професионалност и особена внимателност, и јас ја совладав лекцијата.
Ковид не е обична настинка. Кај секој од нас, на паѓа и делува различно. Никој не може да предвиди каков развој ќе му се случи.
Но, многу важно е да се разбере дека оваа би тка се води исклучиво со професионалци, а тоа се лекарите и медицинскиот персонал.
Тие заслужуваат почит. Не им е лесно, но тие не се жалат, посветено и професионално си ја вршат својата работа. Аплауз за вас, драги луѓе.Без вашата грижа, нашето здравје е многу кревко. Ви благодарам од срце, со сета моја душа