Трифун Костовски откри каква честитка добил денес на сопствениот именден: Дали чувствувате срам

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 746 Views

Трифун Костовски, познатиот бизнисменот и голем хуманис и воедно поранешен градоначалник на Скопје е мошне активен на социјалните мрежи.

Бизнис кариерата на Костовски почнува во почетокот на 1970-тите година.Неговиот подем започна далечната 1991 година во Виена, Австрија како основач на Кометал Трејд.

Компанијата се занимава со активности во сферата на металургијата на австрискиот, швајцарскиот, полскиот, украинскиот и рускиот пазар.

Трифун Костовски како политичар најмногу го опишува неговото мото „За мене единствена партија е Македонија“. Во својата работа како независен пратеник, член на многу домашни и меѓународни организации и градоначалник на Скопје, Костовски секогаш на прво место ја става Македонија и нејзините граѓани, нивните потреби, почитувањето на човековите права и достоинството на сите Македонци и земјата на која и го посвети својот живот.

Трифун Костовски животот го посветува на помош на оние на кои им е најпотребна, грижа за науката, културата и уметноста, иако јавноста најмногу го знае по неговото спонзорирање во спортот.

Како што е познато денес се празнува празникот Свети Трифун, заштитник на градинарите и на лозарите. Како традиција со години лозарите го закројуваат своето лозје.

Исто така се слави и именден они кои ги носат имињата како Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче.

Бизнисменот Трифун Костовски денес се огласи на социјалните мрежи со две објави, од кои во едната вели:

На верниците од Православната христијанска вероисповест им го честитам големиот празник Свети Трифун , со желби за берикет и здравје во оваа и идните години.

Особено откако остана без банката тој се почесто отворено и без влакна на јазикот говори за низа теми.

Така беше и денес кога Трифун Костовски на својата фејсбук страна каде што во објавата напиша:

Основен Кри вичен суд-Одделение за организиран кр иминал и ко рупција, Претседател Иван Џолев.

Основно Јавно Обвинителство за гонење организиран кри минал и кор упција, Претседател Љубомир Јовески

Денеска, 14 Февруари 2022, го чествувам сопствениот именден Свети Трифун и ја добив честитката со која што и натаму мојот личен имот е замрзнат.

Отворено ги прашувам Претседателот на Основниот Кри вичен суд Џолев и Претседателот на Основното Јавно обв инителство Јовески: Дали чувствувате срам?

На горенаведените институции и нивните Претседатели им порачувам тука сум и нема да ме скр шите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.