Далипи од струшко: Имам три ќерки, една во Аљаска, друга во Швајцарија и трета во Германија

  • By admin
  • февруари 14, 2022
  • 0
  • 799 Views

Трендот на иселување во Македонија од година во година се зголемува, па многу наши граѓани се решаваат среќата да си ја побарат преку границите.

Куќи големи како палати, но речиси секоја втора со спуштени ролетни и со катанец на врата. Ваква е сликата во речиси сите села во струшкиот регион. Од Лабуништа до Подгорци и Октиси, од Радолишта до Делогожда, жителите масовно ги напуштаат родните места.

Во Делегожда, едно од најголемите струшки села, од некогаш 4.500 жители, денес живеат едвај 1.500. Од нив најголем дел се стари луѓе. Жителите велат дека цели семејства се иселени во странство.

Во Делегожда, многумина и сега се подготвуваат да се иселат. Жителите велат дека селото е мр тво и оти никој повеќе не гледа живот во него.

„Имам една ќерка на Аљаска, една ќерка имам во Швајцарија, една во Германија. Јас ги пратив таму. Од короната ги немаме видено од летото, ете една година не сме ги виделе. Онаа којашто е во Америка доаѓа еднаш на две години.

Ретко доаѓаат, а ни недостигаат. Секоја вечер му се јавувам на син ми кој е таму, сам е и жал ми е. Ќерките се јавуваат два-три пати неделно. Жал ми е многу“, рече Далипи Љуљтиши жител на Делогожда.

„Мојата фамилија брои 116 луѓе, но само 16 од нив се овде. Сите други се во странство. Сите ги оставија куќите, земјата. Ги оставија своите мајки, татковци. Некои од нив починаа и тие повеќе не доаѓаат овде“, речче Рухи Жаку жител на Делогожда

„Кога пешачам од дома, во нашето маало до џамија, гледам дека скоро сите куќи се со клуч на врата. Само во малку од нив има луѓе. Во нашата блиска фамилија сме 30 членови. Овде сме само тројца“, Меџаит Алими-жител на Делогожда

„Овие последни години на транзиција овде се заминува поради несигурност, не е поради економска причина. Најмногу луѓето овде се заминати бидејќи не можат да истераат правда за ништо. Младите повеќе од 50% веќе имаат припрема направено за заминување,“, Јасмин Абдурахмани-жител на Делогожда

Слично е и во селото Ливада. И овде добар дел од куќите зјаат празни.

„Ливада како село имаше околу 1.800 жители. Овде беа повеќе од 55%, а сега се под 55%.Најмногу тоа се гледа за време на гласање. Гласале до 800 луѓе, сега можеш да најдеш едвај до 600 гласачи.

Истото се гледа и во паралелките во нашето училиште. Порано во една паралелка имаше по 15-20 ученици, а сега не можеш да собереш ниту 10 ученици“, Лога Дилавер жител на Ливада

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алсат Тв.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.