Во потрага по подобар живот и услови кои ќе им овозможат пристојно да живеат од работата, десет Кубанци се најдоа во Србија, на Златибор.
Седум возрасни и три деца го замениле карипскиот остров поради нестабилната економска ситуација и решиле среќата да ја побараат на Балканот
Ангел Фернандез за кратко време меѓу колегите го доби прекарот „Легенда“, а вели дека во новото опкружување од самиот почеток пронашол семејна средина која успева да ги замени семејството и пријателите од Куба.
– Наидовме на топло добредојде, без разлика на културните разлики меѓу двата народа. Добивме шанса да се докажеме, а ни помагаат и луѓе со добро срце – вели за „Прва“ Ангел
Бидејќи Кубанците обично одат во Соединетите Американски Држави и Шпанија во потрага по подобар живот, постоеле сомнежи за доаѓање во Источна Европа.
Иако бил раководител на секторот за дистрибуција на електрична енергија во Куба, Ангел вели дека не му е тешко да работи како чистач на снег, особено затоа што во Русија како градежен работник му било многу потешко.
– Секогаш велам дека треба да се тргне од најниско ниво и да се жртв ува, гордоста овде не игра значајна улога, барем не за мене – додаде тој.
На Сандра Мена Аренсиби, која работи како собарка, напуштањето дома и било многу тешко: Плачев цела ноќ, но ова е жрт ва што ја направив свесно за моето семејство.
Пред се, ми се допаѓаат луѓето овде кои секогаш ни се на услуга и се срдечни, музиката овде не ми се допаѓа, воопшто не ја разбирам – вели таа.
– На Златибор ми се допаѓа се, луѓето се љубезни, срдечни и многу убаво не прифатија – вели Едел Камаљон Санта Круз за „Прва“.
Нивните работодавци велат дека соработката била воспоставена на обострано задоволство: Овде сме да им дадеме на овие луѓе исти услови какви што им даваме на нашите работници.
Овде се добро и во суштина добивме квалитетни работници. Тоа ни треба – вели Предраг Обрадовиќ, директор на станбениот комплекс.