Херојот Мартин од Тетово: Лежев болен со температура 39.8, но не се двоумев да скокнам и да го спасам соседот Илија

  • By klaster2
  • февруари 5, 2022
  • 0
  • 487 Views

Речиси цела Македонија веќе слушна за младото момче Мартин од Тетово кој му го спаси живото на својот сосед.

Да не била големата храброст на младото момче, сопственикот на куќата во која пред неколку дена во Тетово започна пожарот, сигурно немало да биде помеѓу живите.

Момчето храбро влегло во куќа и по цена на својот животот, но како велат, храбрите ги прати среќата, па така успеало да го спаси својот 50- годишен сосед.

Мартин не сакал да се знае за неговото храбро дело, но пред камерите на ,, Види Вака” раскажа што се случувало таа ноќ.

– Јас бев болен, имав темепратура 39.8 кога дојде комшивката да ми побара маска за нејзиниот сопруг за да влезе да го спаси соседот.

– Набрзина се облеков не се ни двоумев и веднаш се упатив кон соседот, му рековме да скокне но тој не сакаше, и потоа влеговме внатре и успеавме да го спасиме.

– Воопшто не размислував за можните последици, едноставно влегов и го извадив соседот, тој го реше, но некако успеав да го изгасам, мафтав со друга облека.

– Брат ми влезе и воопшто не се двоумеше, ниту вре соците од мајка ми не го одвикнаа да оди и успеа да го спаси соседот од сигурно заминување на другиот свет, вели братот Оливер, кој сведочи за случката.

Соседите имаат само пофални зборови за Мартин, кој помагал и во други ситуации. А негова желба е еден ден да стане пожарникар.

– Осум месеци работам во пекара и живеам само со мајка ми, татко ми е на другиот свет од пред пет години. Ако ми се пружи шанса би работел како пожарникар.

– Пред се затоа што не се пла шам од презивици и би прифатил секако. Прилагодлив сум на секаков терен и сакам да помагам на луѓето.

Инаку населбата Колтук е стара населба со тесни улички, збиени градби и чести прекини на вода. Во моментот на овој настан за среќа имало пристап до вода. Исто така и претседателот на државата Стево Пендаровски го посети ова храбро момче и му честиташе.

– Се чуствувам одлично, и сум свесен што сум направил, спасив човечки живот и апелирам на секој да ја искористе секоја можност да помогне.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.