Хусеин останал без цело стадо овци, но хуманоста на луѓето нема граници

  • By klaster2
  • февруари 2, 2022
  • 0
  • 364 Views

Хусеин Доган од Соколина во Доњи Вакуф остана без стадо овци и една крава. Имено, неговите 43 овци и крави биле одземени и отстранети поради бруцелоза

Тој остана без единствениот извор на приходи и работа од која вадеше за парче леб, во еден миг остана без своите миленици.

Хусеин неколку дена едноставно не можел ниту да зборува ниту да јаде од та га од заминувањето на неговиоте овци и крава.

Но потоа се вклучија добри луѓе и почнаа акција за собирање овци. По само неколку дена, собрани се 20 овци и одредена сума пари му вратила насмевка на лицето на Хусеин.

Овој одгледувач на овци повторно има свое стадо овци и свое занимање. Добрите луѓе го покажаа целото свое срце, се вклучија колку што можеше секој.

Со овој потег се докажува дека се уште има добрина помеѓу луѓето, а некому можеби би му значело малку, но овој чекор за Хусеин е непоценливо богатство.

– Кога Господ мене ми даде нека даде секому. Кога јас имам нека имаат сите – вели Хусеин кој со длабоки воздишки вели пред објективот на ,,Средња Босна Данас”

– Знам што значат овцие во овој крај, знам што значат за Хусеин, воопшто не се двоумев да му дадам една овца, вели сосетката Ријада.

 

– Благодарам на сите луѓе, на сите донатори кои учествуваа во ова – рече Хусеин, кој не ја криеше среќата што повторно има овци.

– Не знам што би правел без овците, мене се уште ми е жал за претходните, завршија како завршија, мора да продолжиме понатаму.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.