Светлана Георгиевска Калач потекнува од Украина но љубовта ќе ја донесе во Скопје, но кога саканиот ќе го напушти овој свет таа останува на улица заедно со своето дете. Сега спие во дуќанот каде што работи.
Георгиевска потекнува од Одеса, но пред 30 години доаѓа во Македонија, и кога ќе ја прашат сега вели дека имала среќен брак и единствен недостаток од бракот е тоа што траел кратко.
По два месеци од упоко јувањето на сопругот таа со детето ќе биде набркана на улица и без поддршка од најблиските, па така своето засолниште ќе го пронајде во дуќанот каде работи а воедно и престојува.
– Со сопругот многу се сакавме и имавме големи планови, пред да замине на другиот свет тој работеше во Црна Гора, па планиравме и да се преселиме таму.
– Со свекрвата уште од првиот ден не се согласувавме едноставно таа не ме сакаше, живеевме во заедница со свекорот, свекрвата и деверот.
– Јас едноставно бев вишок, куќата беше на име на деверот. Па така јас по два месеци отидво под кирија и тие пари што ми ги остави сопругот отидоа на кирија пет години.
– Детето беше 13 години кога го изгуби татка си, јас морав да бидам храбра и да не покажам слабост пред него иако бевме во неизвесност.
– Едноставно морав да прекинам со киријата, немав приходи. Поради вирусот останавме без работа и морав да се преселам во овој дуќан во кој секако плаќам кирија.
– Се перам и бањам кај пријателки, а за храна се снаоѓаме некако, купувам нешто од маркетите. Овде единствено чај или кафе можам да сварам.
– Имам онколошки проблеми, правев зафат но сега бев повторно на доктор ми кажаа дека не е добра ситуацијата, ако се разбо лам ќе останам без ниту еден денар и ќе морам да бркам по контејнери.
– Верувајте да не е син ми, ми доаѓаат секакви мисли дури и оние најцрните, да не се ма чам повеќе, вели во солзи пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Една мачка прибрав овде ми прави друштво и таа како мене. Не се смеам воопшто сум заборавила како изгледа тоа, во тешка ситуација сум.
Сите што сакаат да помогнат на ова семејство, тоа можете да го направете на телефонскиот број 070/587 727 или на следната жиро-сметка 200002542315187 Стопанска банка, Светлана Георгиевска