Како човек старее така и се повеќе неговата сила го напушта и од година во година е се послаб. И доколку нема некој покрај него да му помага е тогаш е многу тешко.
Некој си ја имаат својата втора половина и во старите години и е многу полесно, но некој остануваат сами и се препуштени сами на себе.
Еден таков случај и таква судбина има дедо Рамо од Сараево, кој живее сам и како што вели долго никој не го посетил.
Овој осумдесетитригодишен старец живее единствено од минималната пензија која ја прима, но лекарствата ми одзимаат повеќе од пола од и онака малата пензија.
Но сиромаштијата не е негов единствен проблем, вели да е само тоа ќе тргам некако но здраствената состојба му е доста лоша.
Тој тешко се движи и секој следен чекор му претставува сериозен напор, бидејќи доживеал мозочен у дар пред пет години.
– Откако останав без мојата сопруга пред околу 10 години, се ми се промени останав без поткрепа, децата се во странство но никој не доаѓа, само јас знам како ми е
– Последниот контакт со нив го имам пред околу 5 години и од тогаш ништо, доаѓа овде еден познаник ме надгледува од време на време, но тоа еднаш месечно, не можам да му замерам и тој има семејство.
– Во ова време секој си гледа и си цели кон своите потреби, но јас не сум ја изгубил надежта во хуманите граѓани и знам дека ги има.
– Тешко ми е сам да се движам, кога ќе направам неколку чекор веднаш ме стигнува заморот и морам да застанам, некогаш ми е тешко и леб да отидам да си купам.
Екипата на ,,Поможи.ба” го посети дедо Рамо, ја ислуша неговата приказна и му однесе пакет производи прехрамбени и хигиенски со кој барем малку би му го олеснале животот на некој период.
.