Ременска рано утрово се огласи од беровско: Ќе прави рачија – но и тоа каква

  • By admin
  • јануари 29, 2022
  • 0
  • 469 Views

Фросина Ременски, поранешната министерка пред извесен период повторно стана актуелна откако реши да се кандидра за лидер на СДСМ.

Сепак откако не успеа да победи на изборите, таа повторно се врати на она што го правеше во изминатиот период и се посвети на фамилијата и домаќинството

Ременски изминатиот период преку социјалните мрежи често споделуваше што прави на природен план. Најчесто тоа беше време минато во природата во Малешевијата каде што одгледува со својот сопруг овошје и зеленчук.

Често објавува како приготвуа специјалитети и зимници, а во слободно време е вклучена и во хуманитарни акции. Па така беше и неодмана:

Ден посветен за нашите сограѓани од Шуто Оризари. Во Општинска Народна Кујна Шуто Оризари готвиме со вредните ентузијасти и домаќинки за 300 семејства на кои им е потребна храна.

Ременски потоа во нова објава поопширно објасни за што станува збор:

Хуманоста и солидарноста како цивилизависки вредности мора да ги негуваме сите како граѓани и да го негуваме и видиме човекот во секој наш сограѓани, без никакви разлики и дискриминација.

Ако едно дете е гладно, тоа не може да мисли на игра, на учење и на училиште. Тоа е ранливо во секој поглед.Семејствата што живеат на работ на егзистенцијата и се борат да обезбедат храна имаат потреба од нашата помош.

Денес во Шуто Оризари видов како функционираат ентузијасти и домаќини во вистинска смисла на зборот. Благодарна сум што ја прифатија мојата понуда за помош што ми значи и мене, и на нив и на заедницата.

Утрово Ременски преку фејсбук повторно се огласи од Малешевијата, поточно од Ратевo и притоа ја напиша идејата до која што дошла:

Добро утро Македонијо каде и да си. Беровскиот крај е познат по производство на “боров мед”. “Е саа, на пате фоф гората” дојде ми идеја за еден феноменален предлог, особено за Ратевците кои имаа “брици фоф гората”

Ако фоф Малешевијата се вари рачија од сини сливи (бански), замислете ка че изгледа рачија од шишарките од бриците.

Австијците и Германците вече 150 години ја прават. Дадоа ни го рецепто, че ја прајме и ние летос.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.