Девојката им одржа лекција на гастарбајтерите: Доста кукате, да не ви беше добро досега ќе се вратевте

  • By admin
  • јануари 28, 2022
  • 0
  • 595 Views

Преселувањето од родното гнездо е тема која се почесто се слуша помеѓу младите. Секој од нас или знае некој што веќе заминал во странство или пак самиот размислува за тоа.

Сите заминуваат од свои причини, најмногу поради поголемите плати, но како што трганал работата и поради нефункционалноста на целокупниот систем ќе си останат само пензионерите.

Кој заминал заминал, ама постои нешто што често ги нервира оние кои останале дома – жал ењето дека во странство е навистина тешко за живеење.

Во врска со тоа стигна искрен коментар од една девојка која ни го напиша следново: „Потекнувам од средина во која најголем дел од луѓето или се загреани или веќе се иселиле од дома за да најдат поубав и посигурен живот во странство.

Моите родители, сестра ми и јас ја имавме таа (не) среќа да останеме во Македонија. Немам ништо против одлуката на тие што сакаат да се иселат од дома. Млада сум и јас и не знам каде ќе ме однесе патот во иднина.

Сепак, од една страна им завидувам на гастарбајтерите кои не мораат да се грижат за тоа дали ќе имаат пари да го поминат месецот, но од друга страна, мило ми е што не сум гастарбајтер кој станал како нив – површна и дска.

Сметам дека имам право да зборувам на оваа тема затоа што сум опкружена со такви луѓе, најголем дел од моите роднини живеат во Франција или Швајцарија и секоја година морам да ги трпам нивното кукање, јадосување, но и глума.

Секое лето во јули и август нашето село се полни со иселеници кои со децении живеат преку граници. На улиците дивеат бесни автомобили, а ние, селаните сме како пониска класа за нив, демек не знаат ни македонски да зборуваат веќе – ни мешаат француски зборови.

Тоа отсекогаш сум го мраз ела кај нив! Како дете сакав да се дружам со братучедите, да играме кошарка или одбојка на игралиштето, да возиме велосипеди кога ќе си дојдеа, ама отсекогаш си го имав тоа чувство дека јас сум странецот меѓу нив, тие си зборуваа на странски јазик и не сакаа да ми преведат. Секгогаш мислев дека ме оговараат.

Па реално, се гледавме еднаш годишно и немавме баш многу теми за разговор. Како пораснавме секој на своја страна веќе ни преку интеренет не се слушаме. Тие како побогати од нас, секоја година доаѓаа со различни автомобили, носеа брендирана облека, најнови патики и мобилни телефони кои ги нема кај нас.

Се гледа на километар дека се гастарбајтери. А пак нивните куќи секако се разликуваа од нашите – убаво, модерно фасадирани куќи, уредени дворови со најразлични украси – веднаш се забележува дека е „странска“ куќа во селото.

Секое лето пред да дојдат на село одат на одмор на некое егзотично место. Не дека им љубоморам, ние уште си живееме и се дружиме. Да, тие секогаш имаат пари за одмори, за коли, брендирана гардероба.

Иако таму тешко живеат, „теш ко доаѓаат до работа“, „ни завидуваат на нас што тука си живееме мирен живот, излегуваме и пиеме кафе кога и да сакаме“. Немојте!

Зошто тогаш останавте таму? Зошто не се вратите во својата земја? Сепак не излегуваме толку често како што си мислите, не висиме по кафулиња и ресторани, не пиеме кафе по цел денцзатоа што немаме толку пари!

Ми се крева косата на глава кога ќе слушнам такви изјави. Сигурно дека нема да се откажете од сигурната иднина толку лесно, убави плати, патувања, се што ние тука немаме.

И ние сме виделе море, одиме на одмор, ама секогаш вон сезона кога има поевтини аранжмани иако не можеме и таму да се опуштиме, секогаш одиме со планиран буџет за да имаме и за дома.

Ако мислите дека ни е уживање тоа што завршуваме факултет и немаме работа, што прифаќаме било каква работа зашто ни требаат пари да платиме сметки, да купиме облека и обувки и да работиме за 15 илјади, па добро, ние многу уживаме!

Ова ние вистинската слика на животот, преживувањето во Македонија и затоа не кукајте, ако ви е лошо досега ќе се вратевте. И ние сакаме егзотични дестинации и скапи автомобили, ама за нив можеме само да сонуваме. Или подобро, да ве гледаме вас како уживате со „теш ко заработените пари“, завршува девојката.

Обработил А.Л. Фото: Илустрација

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.