Рифат: За зима мора да спремие доволно огрев и храна, бидејќи до продавница можеме само со коњ

  • By klaster2
  • јануари 28, 2022
  • 0
  • 434 Views

Жителите на Пештерската висорамнина претходните денови беа опколени со снег и мраз, а температурата се искачи и до 30 степени под нулата.

Но, тоа не е невообичаено за „Српски Сибир“, ако се земе предвид дека во Сјеница во ова време во 1954 година биле забележани минус 38,4 степени.

Кога снегот и мразот го опкружуваат селото, до продавницата или до болницата се стигнува само на коњ, поради што жителите се ограничени.

Во село Царичина, од вкупно четири семејства, три се занимаваат со одгледување коњи, а едно од нив е семејството на Рифат Корач.

Имам 40 коњи. Петнаесет се тука дома, овие се малку попитоми. Другите се во ридовите. Имам субвенции за 31 коњ, и 80 овци, па затоа сум задоволен од државата.

Татко ми чуваше коњи за трка. Купивме разновидни арабери“, вели Рифат Корач од селото Царичина на Пештерската висорамнина.

Селото Царичина е оддалечено од Сјеница 18 километри. До него се стигнува по макадамски пат. Откако државата дава субвенции, одгледувањето овци и говеда стана профитабилен бизнис.

„Работам овде на фармата на семејството Селек и чуваме околу 500 овци, 150 кози, 30 биволи и 40 Ангуси и околу 70 коњи“, вели Ермин Зуковиќ од фармата на семејството Селек во Царичина.

,,Подгответе доволно огревно дрво и храна за зимата, бидејќи тешко се стигнува до најблиската продваница и тоа единствено со коњ, вели Рифат.

,, За лето е идеално место овде за релаксација за живот, воздухот ве оживува и ви дава енергија за цел ден, но зимото е многу поразлично.

Сур овата природа на пештерата наметнала су ров начин на живот, па нема поделба на машки и женски работни места и стие работат напорно.

На Пештерска висорамнина има 99 села во кои има претежно стари семејства додека младите заминуваат во странство во потрага по подобар живот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.