Како што е познато пред два дена, на 25 јануари не напушти диригентот и композитор Александар Џамбазов на 85 годишна возраст.
Маестро Александар Џамбазов беше македонски диригент и композитор роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина.
Тој целиот свој работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент и на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди.
Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје
Негов син е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов а негова ќерка е Тања Џамбазова. Тој беше во брак со актерката Анче Џамбазова.
Веста за неговото заминување од овој свет ја потврди и неговиот син Игор Џамбазов кој исто така е синоним и име во македонската јавност.
„ Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…
Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов, кој се прости од него.
Игор Џамбазов оди по стапките на својот татко и е успешен исто така во сите можни сфери, како музиката, така и актерството.
Игор Џамбазов се огласи пред неколку моменти на својот профил на Инстаграм каде што објави:
Драги пријатели. Утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо, Џамбаз.
Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и убавите зборови.
Ве известуваме дека по гребот ќе биде од затворен тип, се заради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, ќе можете да го направите тоа од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање.