Елезоска од кичевско со својот син веќе 10 месеци се без дом – среде ноќ не избркаа на улица

  • By admin
  • јануари 15, 2022
  • 0
  • 606 Views

Немаштија, губење надеж e секојдневие што го преживува оваа мајка и нејзиниот 16-годишен син.

Тие останале на улица кога поч инал сопругот на Сафије кој боле дувал од тешка бол ест. Ова е Сафије Елезоска која била мажена во Преглово, општина Пласница.

Има 16 годишен син. Во моментот кога го изгубила сопругот, со својот син останале без сигурен покрив над глава.

„Три години како почи на сопругот. Јас имав про блем со золвите, ми го те паа синот секој ден, го малретираа. Немав живот поради нив.

Доаѓаа во среде ноќ, ме бркаа од дома, доаѓаше полиција. Немав каде да живеам, ниту куќата не беше моја, туку на свекорот.

Тие ми велеа – ова е куќата на нашиот татко, ти немаш ниту тука. Јас немав што да правам, при нудена бев да седам таму. Синот ми велеше – мамо зошто ние имаме толку ло ша судбина?!“, вели Сафије Елезоска.

Сафије и нејзиниот син веќе 10 месеци престојуваат кај нејзината сестра во Кичево, која пак живее под кирија. Иако куќата е мала, сепак таа не ги остави сестра си и внукот сами на себе.

„Јас немам каде да живеам. Веќе 10 месеци престојувам кај сестра ми, земам социјална помош 5.000 денари. А што да правам со тие 5.000? Дали за синот, дали за мене? Не можам ниту кирија да платам, немам помош од никого“, додава Сафије Елезоска.

Та жен, приказната ја раскажува и синот на Сафије. Вели дека се чувствува многу ло шо кога ја гледа мајка му како пл аче секој ден. Тој го напуштил и училиштето, поради неможност да се образува. Вели дека бил малретиран од семејството на неговиот татко.

Помош побарале и од општина Пласница, но бидејќи не наишле на слух, одлучиле да им се обратат на хуманите луѓе со цел да можат да имаат кров над глава и да водат нормален живот.

„Бараме да ни помогнат да имаме дом. Господ нека ги награди сите оние кои ќе ни помогнат да имаме нешто свое, бидејќи вака не се живее“, вели Сафије Елезоска.

Ова е облеката што успеале да ја понесат со себе кога ја напуштиле куќата во која живееле со години. Во куќата на сестрата на Сафије каде живеат во моментов немаат ниту дрва за греење. Единствената надеж за оваа мајка и нејзиниот син се хуманите луѓе кои секогаш подаваат рака на сиромашните.

„Еве и тука немам дрва, некој ми дава малку, колку да имаме нешто. Нема што да правиме. Ве молам и ќе сум ви благодарна ако имате можност да ни помогнете.“

Број за контакт: 077 807 145 – 070 965 883, Жиро сметка: УНИБАНКА 240337116173619

Целата сторија со видео прилог може да ја проследитите на ТВ 21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.