(ФОТО) Доцна вечерва Министерот се огласи од Битола и објави како изгледа градот по земјотресот

  • By admin
  • јануари 9, 2022
  • 0
  • 622 Views

Како што е веќе познато силен земјотрес се случи во 23:43 часот во неделата на 9 јануари во Лерин, пренесуваат медиумите во Грција.

Медиумите јавуваат дека жители излегоа на улица Истиот бил почувствуван речиси низ цела Северна Грција до Лариса.

Според ревидираната објава на Геодинамичкиот институт, се работи за земјотрес со јачина од 5,3 степени, со фокусна длабочина од 14,1 км. Земјотресот се случил на 2 километри западно од Лерин.

Истиито го оселител многу жителите, бидејќи беше многу силен и плиток, а долго траеше и бучеше. Жителите на Лерин, според ЕРТ, побегнале од своите домови и излегле на улиците на градот.

Во следните 10 минути до 23.53 часот забележани се уште три сеизмички пот реси, со јачина од 3,5 Рихтер на 19 километри западно северозападно од Лерин и на фокусна длабочина од 5 километри 3,5 Рихтер на фокусна длабочина од десет километри и 4,1 Рихтер исто така на длабочина од 10 километри, пренесуваат грчките медиуми.

Во Македонија најмногу го почуствуваа жителите на Битола. Мрежата во Битола е во прекин, јавуваат жители за ТВ21.

Според нив, во моментов не е возможно да се воспостави телефонска комуникација, а нема ни интернет.

Граѓаните велат дека не паметат ваков нешто, а додаваат и дека вечерта ќе ја поминат надвор од своите домови.

Горан Милевски, актуелен претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП) и министер за локална самоуправа кој е од Битола вечерва се огласи на социјалните мрежи.

Тој сподели фотографии од обејкти во Битола на кои се гледаат трагите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.