Маја и Душица од Охрид откако останале без работа започнале бизнис кој за неколку минути се покажа како успеше

  • By admin
  • декември 26, 2021
  • 0
  • 561 Views

Маја Чубриќ и Душица Матова од Охрид прошетале стотици странски туристи на Галичица. ТиерРегистрирале и фирма за авантуристички туризам, „ТреккМе“, но не ни помислувале дека корона вирусот ќе им донесе сосема поинаква професија.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Едноставно немаше туристи. Зам ре сѐ, се затвори цел свет, така се затворивме и ние во Охрид“ изјави вели Душица Матова за 360степени, на што се надоврза нејзината колешка Маја Чубриќ:

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Сфаќаме дека ние веќе нема да имаме можност да водиме туристи во рамките на националниот парк Галичица, и се прашуваме што понатака“,

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

Охридското маало Варош е местото каде нивната приказна добила нов тек. Во дворот на оваа куќа, на еден семеен ручек, Душица раскажала за искуство додека студирала во Италија каде првпат пробала домашен мармалад од портокали.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Многу несебично шефот на локалот ме викна и ми покажа како се прави мармаладот. Оттогаш го имам овој рецепт и одлучив баш тој ден да им го направам овој мармалад од портокали“, рече Матова.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

Неколкуте теглички мармалад ги фотографирале и ги објавиле на интернет, а под нив напишале „се продава“.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Верувале или не, во првите неколку минути стигнуваат пораки од луѓе од Охрид, во првите денови тие ни беа главните купувачи, да речам – сакаме од мармаладот од портокал да го пробаме, колку чини? Ние не знаеме во моментот ниту цена, ниту амбалажа, ништо. Приказната почна“, раскажува Чубриќ.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

Станале популарни на социјалните мрежи, смислиле уникатно пакување, заработеното го инвестирале во зголемување на производството и сега прават мармалад од различни цитрусни плодови.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Најпрвин беше мармаладот од портокал. После тоа дојде мармаладот од цитрон. Па после тоа направивме мешавина цитрон и портокал. Па, на крај, дојде и пекмезот од лимон“, додава Чубриќ.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

Двете се грижат за сѐ – управување, производство, рекламирање. Според нив, за да се развива еден бизнис потребна е поддршка и од државата.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Потребно е да се олабават мерките односно да се олабави таа рамка на одредени услови кои мора да се исполнат од домашни производители“, вели Матова.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

Како претприемачки сметаат дека жените се многу вешти и дека нема простор за нивна стигматизација околу способностите за водење бизнис.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Во тоа се уверивме самите ние работејќи го и развивајќи го нашиот бизнис. Апсолутно, најголема поддршка од нас за секоја една жена што ќе се охрабри и ќе реши да отвори каков било бизнис“, смета Чубриќ.

(ФОТО: Принтскрин Јутјуб)

„Дефинитивно, да се охрабрат и да го направат оној првичен чекор – таа нивна желба или таа нивна замисла за еден бизнис едноставно само да ја пуштат. Тоа е главниот чекор кај сите нас. Дали се тоа жени, дали се тоа мажи, апсолутно е исто“, додава Матова.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на 360степени.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.