Без сомнение Елена Велевска важи за една од најдобрите, најпопуларните и секако најбараните фолк поп пејачки во Македонија, но и во дијаспората.
За Велевска е позато дека што и да облече го носи со стил, па за неа важи дека е една од дамите на домашната сцена која што секогаш внимава на својот изглед и имиџ.
Променета во брендирани парчиња, секогаш со средена коса, шминка соодветна на приликата во која се наоѓа и со сетоа го привлекува вниманието на јавноста.
Која редовно ја информира за себе и својата кариера на социјалните мрежи, по што следуваат лавина на коментари, лајкови и споделувања.
Сепак оваа година што изминува Велевска нема да ја памети по добор. Бидејќи се што градеше долги децении се стопи, се разведе а веќе води процес за добивање на своите деца.
– Во оваа година изгубив се, но останав многу силна после се. Бог зема и Бог дава, јас верувам и останав достојна во се што ми се случи, како на профисонален така и на приватен план.
– Јас бев исфрлена на улица, исфрлена од градот каде што започна се, но верувјате не ми е тешко да почнам од нула, да почнам нов почеток, вели Елена пред камерите на ,,Бекстејџ”
– Не ги заборавам луѓето кој ми помогнаа да застанам на нозе, мило ми е што имам три паметни деца, тие имаат кариера и талент на мама.
– Мене не ме интересира тоа што листот за старателство го зел на силникот, мене не ми требаат листови, мене ми треба топлина и љубов, никој неможе да ме уце нува. Едвај чекам да дојде моментот кога ќе си ги вратам децата.
– Не постои цена што би ме вратила таму, поубаво ми е да живеам во мир, оваа година си го повратив здравјето и спокојството, додава таа.
– Од ова извлеков поука и ми се отворија нови патиша, се посветив повеќе на работата, дојдов во Скопје планирам и тие да дојдат тука и се да си дојде на свое место.
– Сега моментално работам на еден нов проект, збир на изворни песни, отпеав и песна со мојата ќерка Софија еден дует кој се надевам добро ќе продре кај публиката.