Партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин утринава изрази најдлабоко сочувство на блиските и пријателите на 46-те македонски државјани на автопатот Струма.
Оттаму велат дека не можат да не искажат сериозна заг риженост и за некои од информациите кои испливаа покрај овој настан.
Седиштето на компанијата превозник „Беса Транс“ според објавеното во медиумите е регистрирано во Ќустендил, на домашна адреса на возрасна жена заедно со уште 23 фирми.
Тоа значи дека сопственикот на „Беса Транс“ како и сопствениците на тие 23-те фирми се бугарски државјани со фиктивни адреси во Бугарија.
Масовното давање бугарски државјанства на лацжни основи на жители на држави кои не се членки на Европската унија, со регистрирање на живеалишта и седишта на фирми на лацжни адреси, со десетици и стотици луѓе и фирми на иста адреса е јасен пример за кор упција која може да има многу различни и оп асни последици, предупредуваат од ОМО Илинден.
Тие додаваат дека ја разбираат желбата на луѓето кои сакаат побрзо да станат граѓани на Европската унија, но не можат да имаат разбирање кон зло употребата на мак ата и сиромаштијата на луѓето од властите во Р. Бугарија за продавање на државјанства или уцен ување со истите на граѓани на соседни земји да се декларираат како Бугари
А со цел постигнување националистички агенда, во случајот – веш тачко создавање впечаток за постоење на големо бугарско малцинство во Македонија.
Веќе повеќе пати биле објавувани информации за големи злоу потреби од страна на бугарски институции поврзани со давањето на државјанства особено во времето кога во власта беше ВМРО БНД чии лидери беа активно замешани во ска ндалите поврзани со давање државјанства.
Досега не е спроведена сериозна истрага, ниту е каз нет некој. Ниту очекуваме тоа да се случи во Бугарија во која за 31 години демократија ниту еден корум пиран политичар не е осу ден.
Еве зошто се обраќаме и апелираме кој институциите на Европската унија да започнат детална истрага, особено на лидерите на спомнатата партија и поставените од нив службеници и да земе мерки за ставање крај на оваа политика на зло употреба на членството во Европската унија.
По повеќе основи сите од кои се насочени или против вредностите на Европската унија или против нејзините интереси со каз нување на виновните, велат од партијата.