Од година во година се повеќе луѓе од Македонија и регионот се одлучуваат да се иселат во странство во желба за подобар живот и повеќе пари.
Иселеноста е на големо ниво, ветените земји како Германија, Италија, Швајцарија и други се добро решение за нашинците.
Сепак има и многумина кој си го негуваат домашното и од дома поубаво нема, остануваат и творат во земјата, еден од тие што решиле да останат во својот роден крај и да не заминат е Захир од Челебица.
Староседелците главно се иселиле и оставиле застарени куќи со карактеристична камена конструкција, додека доселениците градат подобра иднина.
– Луѓето се менуваат, се помалку има дружење и разговор, народот гледа само пари и пари друго не го интересира во животот, вели Захир.
– Овде сум се родил овде и ќе останам, ми се укажало многу шанси да заминам во градот да живеам и да работам, но што имам јас во градот ?
– Во градот ќе имам само стан од 50 квадрати и толку, овде имаш пространство имаш природа, мир, спокој и тишина, па подобро од тоа здравје.
– Се разбира има многу интересни места и во градот, има клубови каде што одат младите многу кафулиња, но ова што го нуди селото не може да се спореди со тоа.
– Овде имам неколку крави, одгледувам некој земјоделски култури и овшки, не се жалам, децата доаѓаат и не посетуваат во неколку наврати.
– Одговорно тврдам дека овде поубаво се живее со 1.000 конвертни марки (500 евра) отколку во Германија со 3.000 евра, вели Захир во репортажата на Ален Авдиќ од неговото село.
– Па што мислат нашинците, дека горе имаат сигурна работа и дека така парите ќе си течат, ќе отидеш ајде ќе имаш милиони.
– Не тоа не е така, стандардот таму е на повиско ниво и затоа платите се такви, овде имаш помалку пари и стандардот е помал.
– Работиш и само работиш таму, немаш многу слободно време, додека овде и работиш и си опкружен со природа, со чиста убава изворска вода, со мирисот на шумата.
– Тука има околу 350 жители, имам училиште, имам пошта, има еден угостителски објект има се што ти е потребно, додава за крај чичко Захир.