(ФОТО) Моша, синчето на Марко Слаткар уште од мали нози со стајлинг како татка си

  • By admin
  • ноември 20, 2021
  • 0
  • 613 Views

Марко Слаткар поради својот специфичен стилважи за еден од најпопуларните рапери во нашата држава. За Слаткар е познато дека правењето нови песни очигледно му оди од рака со леснотија, па тој продолжува со домашните и интернационални дуети со повеќе или помалку познати изведувачи.

Пред извесен период Слаткар извади нова песна и тоа заедно со бугарската пејачка Гери Никол.

Слаткаристика токму во дует со неа или поточно со заедничка песна насловена „Гледај ме“ ја продолжува својата соработка со бугарските музички артисти.

Најсреќниот ден за познатиот рапер Марко Маринковиќ- Слаткаристика, е оној кога му се роди синопт Моша. На својот профил на Фејсбук тогаш сподели дека стана татко, во негов стил.

– Се роди Моша Маринковиќ. Голем да му расте- напиша пејачот, под фотографијата со неговата сопруга Сања.

Кога сме кај името Моша кое не е многу типично за наше поднебје, вреди да кажеме дека води потекло од името Мојсеј, веројатно станува збор за кратенка на името на овој египетски бог, додека „mosis“ е нешто како „син“, познат во Библијата како водец на Израелците. Значење на името: низвлечен, изваден, спасен од водата.

Во 2014 година, Слаткар се ожени со поранешната Мис на Македонија Сања Николиќ. Пред една година, тие станаа родители на слаткиот Моша, а пред извесен го прославија неговиот прв роденден.

-Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.“, рече Слаткар за својата Сања.

Тој изминативе месеци e актуелен по новите верзии на своите песни кои се акустични. Слаткаристика сними концерт во празниот МНТ во придружба на гитара која ја свори Денис Мурат. Музичарот секој ден на Инсраграм пушта по една песна, а вака го најави стартот пред неколку дена.

-Денес син ми полни 1 година, а јас како озбилен татко сакам да ви ги претставам моите песни во озбилна, акустична варијанта. Мојот Јутјуб канал, 20 часот. Претплати се, бесплатно е“, рече тој во април месец.

Во интервју за Женски магазин, тој рече: „Да полетам“ секогаш ќе биде приказна на моето семејство. „Да полетам“ е наша приказна, но мотивација за секој човек што сака да успее.

За мене, една од песните што сега кога ја исполнувам, од срце, со огромна љубов ја пеам за мојот по -коен татко. За сè она на што ме научил и за тоа каков човек направил од мене“, рече Слаткар.

Слаткар според сторињата што ги објаува на Инстаграм се покажа како добар татко, а неодамна објави уште едно, како безгрижно си се шета со Моша низ Градсккиот парк во Скопје.

Овојпат мама Сања објави снимка како се шета со малиот Моша во градски парк во Скопје, а она што е забележително е дека уште од мали нозе се облекува во стилот на својот татко Марко.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.