Познатата новинарка Мери Јордановска на својот профил сподели статус на кој се потсети за својата професија и направи компарација како било некогаш и сега:
Пред точно 17 години. Новинарски колегиум. Секоја редакција со својот уредник – политичка, скопска, црна хро ника, економија, култура, спорт, забава.
Brainstorming, дискусии, дебати, анализи, што има дента, што е тема на денот, што ќе се прави. Ка вги, продуктивни, убави. Секој поткован до даска за својот ресор. Следува уреднички колегиум.
Уредници на кои им се тресеш, од кои учиш. Уредници со прочитани илјадници книги кои напамет ја знаат историјата. Уредници со извори на информации, кои не се плашат да го пренесат своето знаење на своите следбеници.
Паѓале кав ги, се плачело, сум имала моменти кога треба да ги прочитам сите учебници од основно по историја во рок од три дена и да ги најдам сите недоследности со помош на професори, не сум склопувала око. Ама она што се објавувало вредело, и покрај сите солзи и несоници.
Сме биле тимови како семејство, со исти вредности. И кога ќе се испечател весникот, каде секој текст бил три пати поминат преку уредник и лектор…. тој момент, кога ќе го земеш в раце, тој мирис на свежо испечатен весник, вреден за читање, ништо не може да го смени.
Особено ако твоето име е на насловна, после толку години труд, е незаменлив. Нашето име на насловна бил нашиот печат и сме стоеле зад тоа сме го пишале. Ми недостига тој мирис на свежо испечатен весник.
17 години подоцна. Излегуваш од клупа и стануваш политички новинар, експерт. Еден ден тоа, друг ден пишуваш за енергетика, па после малку зачинуваш со култура, па одиш да следиш Собрание, пред да следиш судење, а потоа Охридско лето.
Не се разбираш баш од се, ама не се разбираат ни граѓаните, нели. Башка во редакцијата едвај и да работат 5-6 луѓе. Што повеќе кликови, тоа повеќе реклами.
Штанцаш. Си утнал нешто комплетно, не е фрка, бриши текстот. Отвори си од дома портал, имаш агенции, прави копи – пасте, зачини го тоа малку, и ти си новинар. Плус стави дека имаш ск андал за нечија шв алерка, поооо, ќе пу ка.
Секоја чест на исклучоците, ги има, но сепак се исклучоци, не правила. Никогаш како досега ме нема фатено носталгија по новинарството за кое мечтаев од прво одделение.
Сега веќе ни останаа трошките, кои треба да ги зачинуваме со малку сол за да личиме на новинари и за барем малку луѓето да ни веруваат.
И тука ќе тагнам дел од моите колеги, кои до коска ми фалат во овие времиња кога буквално се стана игра на бизнис и на профит. Оние со кои заедно мислевме дека можеме да изградиме доверба во новинарството и да го исправиме системот.
И разбирам зошто дел од нив ја напуштија оваа професија. Листата на колеги е долга, ќе си се препознаат сами, не можам да ја опфатам цела, но уште подолга е листата на оние што ни прегазија врз достоинството.