Влез во црква или во манастир само за вакцинирани или со негативен тест – пристигна новата одлука од соседна Грција

  • By admin
  • ноември 5, 2021
  • 0
  • 303 Views

Веќе четврти ден по ред, во соседна Грција се регистрирани над 6.000 нови случаи со вирусоа, а денеска, Националната организација за јавно здравје соопшти за ноиви 6.909, што претставува нов не гативен рекорд по дневни случаи од почетокот на пандемијата.

Притоа во изминатите 24 часа упокени се 48 лица, а 450 пациенти (девет повеќе од вчера) се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во болниците, од кои 378 односно 84 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Новите случаи се од 263.150 направени тестови, а најголемиот број нови се во Атика, поширокиот регион на Атина (1.519) и во Солун (1.124).

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 774.265 случаи, а упокени 16.200 лица.

Во Грција минатата година верските служби неколку месеци беа откажани поради пандемијата, но владата одбиваше да воведе задолжителна вакцинација или тестирање за влез во црквите.

Црквените службеници бараат од верниците да ги почитуваат насоките на лекарите, а во средата епископот на островот Лезбос потпиша наредба за су спензија на невакцинираните свештеници.

Светиот синод на Грчката православна црква ја испрати таа препорака до сите парохии во земјата, но не е наведено дали нејзиното спроведување е задолжително, пренесува АП.

Во Грција вчера беа регистрирани 6.808 нови случаи, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Претходниот рекорд беше во вторникот – 6.700 нови случаи.

Здравствените службеници соопштија дека ситуацијата се вло шува и дека пополнетоста на одделението за интензивна нега е зголемена на 87 отсто од 70-те отсто пред три недели.

Во Грција, која има околу 11 милиони жители, од последиците на коронавирусот по чинале повеќе од 16.000 луѓе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.