Добро познато е дека во Германија живеат и работат голем број Македонци, а оваа бројка има тенденција постојано да расте.
Роберт Милески, наши иселеник во Германија денес на својот профил на фејсбук сподели како на дело се сака Македонија и што е патриотизам:
Три случки од Германија:
1. Кога се преселив од Берлин во Баварија, при пријавување на религија ме прашаа што сум, им одговорив mazedonisch-orthodox (македонска православна црква).
Госпоѓата бара во компјутер, ме заведува како griechiesch-orthodox (грчка православна црква). Веднаш изреагирав дека направила грешка, а таа ми рече – ама немам друг избор во менито, само тоа може да го изберам.
Можев да речам, па добро, тоа е реалноста, и да прифатам. Но не! Веднаш поднесов приговор, и после два месеци преписки со за кани за туж би за дискриминација, Баварија во сите служби го заведе mazedonisch-orthodox.
2. Ми стигна писмо од здравственото, во врска со некои услуги од Македонија, каде што беше заведено “nordmazedonische Krankenkasse”, односно северномакедонското здравствено осигурување.
Можев да ја прифатам реалноста, но наместо тоа, повторно почнав со преписки дека документот не го прифаќам, и доколку не се поправат, ќе ги ту жам за ди скриминација.
За два дена стигна ново писмо во кое стоеше “mazedonische Krankenkasse”, односно македонско осигурување.
3.На мое барање на документ за жителство, си смениле автоматски дека сум бил роден во Republik Nordmazedonien (во северната).
Можев да ја прифатам “реалноста”, но не! Повторно приговори дека јас сум роден во Republik MAZEDONIEN, за да после неколку дена го сменат документот.
И така.. За тие што прифаќаат наметнати реалности.
п.с.. Бор ете се во животот за вашите права, инаку ќе мора да живеете во од други наметнати реалности.
п.п.с.. Од политичарите не очекувам да ми кажуваат што било реалност и завршена работа, туку да ми понудат решенија, секако доколку не се согласуваат со таа реалност.