Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски кој во јавноста стана познат како Денко Консмонатуко е активно вклучен во процесот на вакцинација, а претходно и во земање на брис.
Тој е техничар во Центарот за јавно здравје од одделението за микробиологија, каде се врши анализа на материјал за откривање на бактерии преку земање на брисеви или друг материјал.
Сакал да стане актер, но запловил во медицината и во ковид- пандемијава игра една од најпозитивните ролји.
Се издвојува по својата спонтаност, непосредност, ведрина, харизматичност и професионалност, посебно по снаодливоста и брзото реагирање, особини кои се од посебна важност за медицински техничари и сестри кои работат на терен.
Секое утро го почнува со песна и потоа својата позитивна енергија, едноставно, ја шири околу себе.
Популарниот Денко повторно се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели со своите пријатели дека добил награда и упати благодарност:
Секоја награда е вредна. Но некако посебна гордост ми прават оние кога се наградени и вреднувани човечки особености и карактеристики.
Филантропија…..збор кој отсекогаш за мене претставувал прекраснотија и ми е водилка во животот, а сега вметнат и во мојата биографија.
Сите треба да тежнееме кон оваа карактеристика, верувам дека многумина ја имаат и носат во себе само треба да се трудиме да ја издигнеме на своето вистинско место, да ја шириме и да заразуваме што повеќе луѓе.
А тоа е многу едноставно, само треба да се биде ЧОВЕК. Така и ќе си го вратиме она нормалното вистинското нормално.
Благодарам за наградата, не можам ни со илјада зборови да ги опишам радоста и емоциите кои ги имам. Гуш и бац од Космонаутко.