Новинараката Мери Јордановска која е со големо искуство во оваа професија е доста активна и на социјалните мрежи каде ги истакнува своите ставови, но и споделува моменти од својот приватен живот.
Нејзините објави секогаш привлекуваат големо внимание, па така беше и овојпат кога сподели еден емотивен момент.
=Добро познато е дека Мери е голем љубител на животните, а доказ за тоа е нејзиниот последен потег, за кој реши да раскаже:
Прва слика: „Леле луѓе глејте ама е ружна, никад нема да се вдоми“, им пишувам на другарките 2 недели откако овој лик беше кај мене дома, непрогледана, фрлена пред контејнер, додека цицаше од нејзината мртва мајка.
Втора слика, откако ме остави со подочњаци до земја зошто цицаше единствено од сунгер за нанесување пудра: Како зошто не ја огласувам за вдомување?!
Зошто е моја, зошто во целото ова сивило Љиљана (пардон, Лили, ова демек уметничко име), ми е светлата точка, дали сте нормални дека мислите дека ќе ја подарам? (и секако додека куцам нарачувам џемпер за Љиљана, 2 креветчиња, 145 играчки и ставам АД капки во храната).
Ова е ново-стариот член на семејството во кое има повеќе животни од луѓе, но Лили е првото куче.
Не плаќајте за миленици. Ви влегува под кожа, или не. Слично како луѓето. Расата не е битна.
Таа е едноставно лудата Љиљана, не ѝ знам гени, не ѝ знам потекло, немам лист хартија за да ја тегнам по изложби да покажам колку е прекрасна.
Јас си знам. Мојот пит бул, мојот пинч, мојата џукела. Не ја давам ни за 2000 евра.
И да, има нос како прасе. Ама и нашите носеви не се нешто совршени.