Татјана Стојановска е една од нашите најпознати и најдобри ТВ презентерки, жена која го негува литературниот македонски јазик и е секогаш елегантна и средена.
Таа гостуваше во емисијата „Приказна“ која беше посветена на негувањето на македонскиот литературен јазик. Татјана отворено зборуваше на себеси, за своите почетоци, а им се обрати и на младите, на луѓето во дијаспората но и на политичарите.
-Јас почнав многу млада на 17-18 години, секако со неколкумесечна обука, во Македонската радио телевизија, пред да почнам да работам на камера, најпрво како најавувач на програма.
Потоа набрзо по неколку месеци почна ангажманот на Утринската програма „Добро утро Македонијо“. Имав можност да учам од доајените на македонското презентерство, така што се одеше чекор по чекор, не беше ништо избрзано, ги видоа моите перформанси
Сепак јас и како ученик доста внимавав на литературниот јазик, во училиште, и во основно и во средно секогаш сум учествувала на тие секции по македонски јазик, на приредби, рецитации, така што го имав тоа во себе.
Таа дарба, тој талент за почитување за добра дикција. Тоа беше препознаено и од луѓето во Македонската телевизија, меѓутоа настапот на екран е сосема различен.
Ги учевме сите тие техники на дишење, совладување на техниките на камера да се зборува, меѓутоа се внимаваше и се даваше големо внимание на акцентирањето, на дикцијата, на интонација, на почитувањето на македонскиот литературен јазик.
Тогаш јас на еден начин како еден млад човек, иако сум сум внимавала и претходно, влегов со таа екипа кога навистина многу се почитуваше јазикот и говорот на екранот.
Татјана не зборува премногу за својот приватен живот. Таа почна да дава изјави за Михаил Китановски, со кого се во врска веќе осум години, пред две години во магазинот „Бекстејџ“.
-Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис.
Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.
Татјана на широко на Михаил, кој е маркетинг консултант зборуваше во „Еден на Еден“ со Жаре. Миахил ја изненади со видео во кое зборуваше каква е Тања кога е лу та. Јавноста, секогаш ја доживува како смирена и сталожена.
-Каква е Тања кога е лу та? Тоа многу ретко се случува и кратко трае. Меѓутоа, кога е така, јас гледам да закажам предавање. На Гренланд. И таму е се океј. На Гренланд“, рече Михаил за својата партнерка. На ова Тања, на многу интересен начин му одгововори.
– Епа, нема подалеку. Да, така е. Си знае Михаил, ме има научено. Не ме чепкај додека не ми помине лут ината, ама навистина брзо ми поминува. Јас кога сум лута се објаснувам, да му објаснам на тој зошто сум л ута.
Јас се објаснувам, аргументирам. Сега, тој треба да е тука, значи умен соговорникот, да заќути, да ме сослуша и ќе ми помине. Може и да ми опонира, ама важно јас да си се искажам.
Ако има после дискусија од типот: Не сум во право, ќе се најдеме, ама работава е прво јас да си го кажам тоа. “, рече Тања. Потоа следуваше реченица која на Татјана ѝ предизвика силни емоции.
– Драга Тања, сакам да ти се заблагодарам за балансот што го правиш во потесното и во поширокот семејство, во секојдневието, во секој момент, бидејќи тоа претставува еден клучен фактор за стабилност и за мир.
Меѓудругото, за истото, многу те почитувам и те сакам“, рече Михаил во пораката која ѝ ја испрати. Додека го гледаше видеото, на Тања ѝ навреа солзи на очите и за малку ќе заплачеше.
На инстаграм таа објави фотки на кои позира во преркасно издание – средена како во цутот на младоста.